Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Ѓаволски“ пресврт: Белгија од 0:2 до 3:2 против Јапонија (Видео)

0
By Нова ТВ on July 2, 2018 СПОРТ
Фото: fifa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 2, 2018 23:30

Белгија е шести четвртфиналист на Светското фудбалско првенство. „Црвените ѓаволи“ беа на работ на елиминација во дуелот со Јапонија, имаа 0:2 во 52. минута, но Роберто Мартинез ги погоди двете замени што на крај му донесоа пресврт за конечни 3:2 и опстанок на мундијалот во Русија.

Харагучи во 48. минута и Инуи во 52. минута обезбедија водство за „самураите“ како најава за изненадување на „Ростов арена“. Но, сликата се смени со влегувањето во игра на Маруан Фелаини и Насер Чадли. Најпрво намали Јан Фертонген во 69. минута за играчот на Манчестер јунајтед, пет минути подоцна, да израмни на 2:2. И само што се доби впечаток дека сме на праг на нови продолженија, можеби и пенали, во нокаут фазата на СП, Јапонците доживеаја шок.

„Самураите“ добија корнер во судиското надополнување, се преселија во поголем број во казнениот простор на Тибо Куртоа во обид да зададат решавачки удар. Но, Белгијците изведоа молскавична контра што во гол за четврт-финале ја претвори Чадли за тежок удар за јапонската селекција и нејзините навивачи на трибините.

Белгија во четврт-финалето ќе игра против Бразил кој претходно ја оправда фаворитската улога во натпреварот со Мексико и со головите на Нејмар и на Фирмињо славеше со 2:0.

Белгија – Јапонија 3:2 (0:0)

Стадион: „Ростов арена“ во Ростов на Дон. Гледачи: 41.466. Гл. судија: Маланг Диедиу. Асистенти: Џибрил Камара и Ел Хаџи Самба (сите тројца од Сенегал). Ж. картони: Шибасаки (Јапонија). Стрелци: Фертонген 69’, Фелаини 74’, Чадли 90’+4’ за Белгија; Харагучи 48’, Инуи 52’ за Јапонија.

Белгија (формација 3-4-3): Куртоа – Фертонген, Компани, Алдерверлд – Караско (Чадли 65’), Витсел, Де Брујне, Муние – Азар, Мертенс (Фелаини 65’), Лукаку. Селектор: Роберто Мартинез.

Јапонија (формација 4-2-3-1): Кавашима – Нагатомо, Шоџи, Јошида, Сакаи – Шибасаки (Јамагучи 81’), Хасебе – Инуи, Харагучи (Хонда 81’), Кагава – Осако. Селектор: Акира Нишино.

Белгија Јапонија СП 2018 Фелаини фудбал Чадли
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.