НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Убедлив триумф на Шкендија: „Петарда“ за ТНС, четири гола на Ибраими

0
By Нова ТВ on July 10, 2018 СПОРТ
Фото: facebook.com/fcshkendija/
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шкендија уште вечерва може да размислува на ривалот во второто квалификациско коло за Лигата на шампиони каде ќе игра со подобриот од двомечот меѓу грузиски Тоирпедо Кутаиси и Шериф Тираспол од Молдавија. Македонскиот првак го декласира ТНС со 5:0 во првиот натпревар правејќи го чиста формалност реваншот на 17 јули на „Парк Хол“ во Освестри. Претставникот на Велс беше немоќен да спречи резултатски потоп во Скопје, а единствениот удар во рамки на голот на Костадин Захов го упати во 90. минута.

Одлична партија во црвено-црниот дрес прикажа Бесарт Ибраими кој дури четири пати ја тресеше мрежата на Пол Харисон. Серијата голови на „Телеком арена“ ја отвори Изаир Емини во 14. минута по што на сцена стапи повремениот македонски репрезентативец. Првиот од своите покер погодоци против велшкиот ривал го реализира во 38. минута, а во листата на стрелци се надоврза во 53. минута, во 61. минута и во 66. минута. На теренот мина уште десетина минути по што тренерот Ќатип Османи го повлече од игра за собирање на аплаузи од трибините.

Талат Џафери и Али Ахмети во ложата на Северна трибина

Мечот меѓу Шкендија и ТНС се играше во амбиент што е под очекуваниот од аспект на бројноста на гледачите. Ги имаше околу 4.000 на „Телеком арена“ од кои најголем дел на Северната трибина, на спротивната неколку стотици и група од околу 300 „балисти“ на Источната трибина.

Во свечената ложа на Северната трибина беше присутен спонзорот на Шкендија, Лазим Дестани во друштво на претседателот на македонскиот парламент, Талат Џафери, првиот човек на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети и почесниот претседател на тетовските „црвено-црни“, Абдулменаф Беџети.

Бесарт Ибраими квалификации Лига на шампиони ТНС фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.