Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лидерската донесе делумен договор – незизвесно кога тоа ќе се спроведе

0
By Нова ТВ on July 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 24, 2018 09:53

Собранието на Република Македонија синоќа не одржа седница како што беше најавено од кабинетот на претседателот Талат Џафери, на која треба да се спроведе договореното на лидерската средба за Законот за финансирање политички партии, за Законот за Влада и за избор на членови на ДИК.

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата вчера по лидерската средба ја почна постапката за избор на членови на ДИК со доставување на списокот кандидати кои се пријавија на огласот, до претседателот на Собранието Џафери, кој пак побара од партиите да се изјаснат кои кандидати ќе ги поссржат.

До полноќ иако најавуваа, формално, список со свои кандидати до кабинетот на Џафери не доставила опозициската ВМРО-ДПМНЕ со што не можеше да продолжи постапката за избор на членови на ДИК која треба да го спроведе референдумот за Договорот со Грција.

Според информациите од Собранието, причина за ова е неможноста работните групи на парламентарните партии до крај да се договорот за одредени членови што треба да се менуваат во Законот за финансирање на политичките партии и во Законот за Влада.

Официјално, никој од партиите не соопштува зошто не се одржа седница за да се изгласа она што беше договорено на лидерската средба.

Засега нема најава како и кога ќе продолжи постапката. Се очекува разговорите за усогласување да продолжат, работните групи да завршат со работа за да може Џафери да закаже седница.

По договорот на лидерската средба, до СОбранието веќе бил испратен списокот за состав на ДИК.  ВМРО ДПМНЕ го предлага  Оливер Дерковски за претседател,  а за член Елизабета Постоловска.

Препрека е референдумското прашање

По вчерашната лидерска средба, премиерот Зоран Заев изјави дека иако нема договор за референдумот, ќе се почитува договореното за законите за влада односно и за финансирање на партиите, како и за изборот на ДИК.

Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Беса вчера не се договорија за референдумот.

Главните разлики меѓу владеачките партии и опозициската ВМРО-ДПМНЕ според лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски биле околу референдумското прашање. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ, според него, е дека референдумското прашање мора да биде еднозначно, онака како што предвидува Законот.

-Не можеме, додаде тој, да се согласиме со прашање со повеќе значења. Прашањето треба да се однесува само на договорот, изјави Мицкоски по средбата.

– Позицијата ги бранеше државните интереси. Разликите се во прашањето кое што треба да се постави на референдумот. Се разбира дека нормалниот тек на референдумот зависи и од прашањето кое што ќе го поставите. Во овој случај сакам да истакнам дека сите ние треба да ги ставиме државните интереси пред партиските интереси. И сметам дека во оваа ситуација опозицијата треба да ги стави пред се државните интереси – изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Дик лидерска референдум седница џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.