НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерска средба во Белград за царините од Косово

1
By Нова ТВ on July 24, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заеднички став за одлуката со која Косово ги зголеми царините на овошјето и зеленчукот, се очекува од утрешната средба во Белград чиј иницијатор и домаќин е српскиот министер за трговија Расим Љајиќ. На средбата, покрај македонскиот министер за земјоделство Љупчо Николовски, ќе учествуваат и црногорската министерка за економија Драгица Секулиќ, како и министерот за трговија и економски односи на БиХ Мирко Шаровиќ.

Косово ја воведе т.н. времена мерка на 18 јули годинава. Мерката предвидува 30 проценти повисоки царини за увезеното овошје и зеленчук, а ќе трае три месеци и важи за сите држави кои извезуваат на косовскиот пазар.

Земјите од регионот го осудија ваквиот потег и побараа повлекување на одлуката, образложувајќи дека е спротивна на ЦЕФТА Договорот и дека се коси со правилата за слободна трговија. Преиспитување побара и Европската комисија.

Ресорните министри од македонска страна веднаш по воведувањето на косовската мерка изразија очекување дека ќе биде повлечена. Оценија дека е паушално донесена, без аргументи за зголемен увоз и евентуални штети, како и дека е правно и формално нејасна. Министерството за земјоделство кое го потврди учеството на утрешната средба во Белград, вчера уште еднаш порача дека ако Косово не ја укине одлуката, Македонија ќе преземе контра-мерки за заштита на домашното производство.

Во меѓувреме, се бројат штетите од речиси стопираниот извоз кој, според стопанствениците, е нула во споредба со извозот пред воведувањето на одлуката кога бил преку 100 тони дневно. По минимум четири шлепери ја поминувале границата, а сега, максимумот е околу 30 тони.

Вкупниот извоз на зеленчук и овошје од Македонија во Косово за периодот јануари – јуни 2018 година е над 2,5 милијарди денари. Увоз на земјоделски производи од Косово нема. Според Министерството за земјоделство, од одлуката на Косово најпогоден ќе биде извозот на доматите, пиперките и сливите.

балкан Косово министерска средба царини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.