НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Словенија со највисока, Македонија со најниска плата во регионот

0
By Нова ТВ on August 4, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија е со најмала просечна плата во регионот на поранешна Југославија додека Словенија е на врвот на листата, јавува агенцијата „Анадолија“.

Словенија со реализирана месечна нето плата од 1.077,77 евра за мај оваа година е земја во регионот во која има највисоки примања и тоа е единствената која изнесува над илјада евра. Просечната плата во Македонија во мај оваа година изнесувала 399,28 евра (24.509 денари), се наведува во истражувањето кое го објави „Анадолија“.

Највисоко зголемување на просечната нето плата е забележано во Хрватска. Таму личните приходи се зголемиле за 71,42 евра и достигнаа 866,95 евра во однос на истиот период лани.

Во Црна Гора просечната плата во јуни изнесувала 511 евра. Во Босна и Херцеговина во мај била на ниво од 448,59 евра, а во Србија 426 евра.

Во Црна Гора просечната нето заработувачка во јуни оваа година во однос на еден месец претходно забележала пад од 0,2 отсто, додека просечната нето заработувачка во јуни 2018 година во однос на истиот месец претходната година забележал раст од 0,2 отсто.

Словенија е единствена земја од поранешните југословенски републики што има суфицит во надворешно-трговската размена со странство. Така покриеноста на узвозот со извозот во земјата изнесува 102,1 отсто за првите пет месеци од оваа година.

На второ место е Србија со 76,3 отсто, трета е Македонија со 74,7 отсто, во БиХ за првите шест месеци во 2018 година е 62,48 отсто, во Хрватска за пет месеци е 59,7 отсто.

Најмала покриеност на увозот со извозот има Црна Гора – 16,5 отсто.

Македонија плати регион Словенија Стандард Увоз-извоз
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.