НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Курти: Mора да запре oпасната авантура на Тачи за границите со Србија

0
By Нова ТВ on September 23, 2018 СВЕТ
Фото: postieri.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Идејата на косовскиот претседател Хашим Тачи за корекција на границите со Србија за лидерот на опозициското движење „Самоопределување“, Албин Курти е негова „лична авантура“ и порача дека што поскоро мора да запре.

Курти на конференција со првите луѓе на ограноците на движењето нагласи дека не смее да се дозволи таа опасна игра на Тачи да продолжи.

„Оваа лична авантура на претседателот мора да запре. Мора да ја прекинеме таа опасна игра, рече Курти кој е на чело на втората по големина опозициска партија во косовското Собрание.

Тој истакна дека не е против формирање на тим за преговори со Србија, но само откако соседната држава ќе понесе одговорност за убиствата, исчезнатите лица, силувањата и грабежите во последната војна.

„ На Србија треба да ` се достави таков список и да се каже дека имаме 1.500 исчезнати лица и 20.000 силувани жени. Ние имаме потреба да се обратиме на Србија за тоа што го должи. Се согласувам дека еден ден треба да има таков преговарачки тим, но не без да минат неизбежните фази“, порача Курти.

Курти минатата недела ги повика косовските граѓани, политички партии и граѓански организации на протестот што „Самоопределување“ го закажа на 29 септември во Приштина. Целта е, како што рече самиот, „да запре пазарењето со границите на Косово“, „државата да се одбрани од Тачи“ и народот на Косово да покаже дека „не се потчинува на еден човек“.

Албин Курти граница Косово преговори Самоопределување Србија Хашим Тачи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.