Резултатски дебакл на Реал Мадрид во дерби мечот на шестото коло во шпанска Примера. Севилја го нокаутира европскиот шампион со 3:0 за пола час игра и се искачи на четвртото место на табелата. Андре Силва двапати го матира Тибо Куртоа во само четири минути (17’ и 21’), во 39. минута во листата на стрелци кај Андалузијците се запиша и Вишам Бен Једер.
https://www.youtube.com/watch?v=NJDfDllj_7k
„Кралевите“ на почетокот на вториот дел успеаја до гол (Лука Модриќ) што, сепак, беше поништен по прегледување на ВАР снимката. Составот на Хулен Лопетеги на крај заврши со нула на семафорот и покрај доминацијата на стадионот „Рамон Санчез Пискуан“. Две третини од мечот ја имаше топката во свој посед, упати 19 удари кон голот на Томаш Вацлик од кои само три одеа во рамки на стативите.
Реал Мадрид пропушти прилика за преземање на врвот на табелата во шпанскиот шампионат од причина што и Барселона остана со празни раце во вонредната рунда во Примера. Легањес ги изненади Каталонците со 2:1 и ја прослави првата победа во сезоната. Фелипе Кутињо во 12. минута обезбеди водство за Барса што го анулираа Ел Жар и Оскар во 52., односно, 53. минута.
https://www.youtube.com/watch?v=EmukCNhrT-E
Вилјареал беше убедлив над Атлетик во Билбао со 3:0, а победник немаше на „Месталја“ во дуелот меѓу Валенсија и Селта (1:1).
Примера, 6 коло
Севилја – Реал Мадрид 3:0
Легањес – Барселона 2:1
Атлетик Билбао – Вилјареал 0:3
Валенсија – Селта 1:1
Еспањол – Еибар 1:0
Реал Сосиедад – Рајо Валјекано 2:2
Атлетико Мадрид – Уеска 3:0
Алавес – Хетафе (четврток, 20 ч.)
Валјадолид – Леванте (четврток, 20 ч.)
Џирона – Бетис (четврток, 22 ч.)
Табела: Барселона 13, Реал Мадрид 13, Атлетико Мадрид 11, Севилја 10, Алавес 10 (-1), Еспањол 10, Селта 9, Вилјареал 8, Реал Сосиедад 8, Џирона 8 (-1), Хетафе 7 (-1), Еибар 7, Атлетик Билбао 6 (-1), Бетис 6 (-1), Валенсија 5, Леванте 4 (-1), Легањес 4, Рајо Валјекано 4 (-1), Уеска 4, Валјадолид 3 (-1).