Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По собирот на работа: Фудбалерите со прв тренинг за Лихтенштајн

0
By Нова ТВ on October 8, 2018 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 8, 2018 21:59

Македонската фудбалска репрезентација се собра во Скопје и вечерва го одржи првиот тренинг за дуелите со Лихтенштајн во Скопје (13 октомври) и со Ерменија во Ереван (16 октомври) во рамки на Лигата на нации на УЕФА. Во работата на комплексот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го немаше само Стефан Ристовски кој синоќа имаше меч со Спортинг Лисабон како и Иван Тричковски кој отпадна од комбинација за претстојните обврски кон националниот тим поради повреда. Приклучувањето на офанзивниот бек на португалскиот лигаш е најавено во текот на утрешниот ден за комплетирање на селекцијата.

„Еве нè повторно на собир во Скопје. Пред нас се нови два меча во Лигата на нации што би рекол дека се клучни за конечниот изглед во групата. Но, одиме по ред. Прво Лихтенштајн, а потоа Ерменија. Желбите и целите се јасни. Да продолжиме со победничката низа и по можност без примен гол. Со евентуални три бода во сабота ќе осигураме самодоверба плус поред гостувањето во Ереван и во голема мера ќе префрлиме притисок врз Ерменците. Тоа воедно ќе значи и дека ќе бидеме многу блиску до првото место во групата што е наша основна амбиција во оваа фаза од натпреварувањето“, истакна голманот Столе Димитриевски кој од неодамна е позајмен од Гимнастик Тарагона во Рајо Валјекано.

Репрезентацијата на Македонија до четврток ќе тренира на комплексот при ФФМ (според агендата на селекторот Игор Ангеловски секој ден од 11 часот). На арената „Филип Втори“ ќе работи во петок, исто така претпладне, од 11 часот. Мечот со Лихтенштајн е во сабота на 13 октомври од 20.45 часот, денот во кој пред 25 години националниот тим ја имаше премиерата на меѓународната сцена со пријателскиот дуел против Словенија во Крањ што резултираше со триумф со 4:1. Веќе во недела репрезентација ќе тргне на пат кон Ереван на реванш со Ерменија во рамки на четвртото коло во Лигата на нации.

Македонија е лидер во четвртата група од Д лигата на нации со максимален ефект по воведните две кола. На стартот беше совладан Гибралтар на гости со 2:0, а потоа со идентичен резултат и Ерменија во Скопје.

Македонија репрезентација Столе Димитриевски фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.