Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бомби во Титаник:Екс директорот на БЈБ Савевски прислушувал кумановци

0
By Нова ТВ on October 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 24, 2018 14:54

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и ексначалникот на крим-техника на СВР Скопје Горанчо Савевски, кој сè уште е на функција во МВР и не е обвинет во предметот на СЈО „Титаник“ за изборни нерегуларности, според бомбите пуштени денеска во судница, разузнавал и прислушувал граѓани од Куманово, кои ги лоцирал како соработници на Зоран Дамјановски – Циц, тогашен градоначалник и кандидат на СДСМ на локалните избори во 2013 година, објави СДК.мк.

Тој ѝ се јавува на тогашната министерка Гордана Јанкулоска и ѝ кажува за луѓе кои седеле во локал во Куманово.

„Зборуваа за колумна во која се величи Циц. Тоа е прочитано од нивните усни во разговорот на масата. Му даваа поддршка на Циц. Ние ќе тераме до крај“, ѝ вели тој на шефицата.

Јанкулоска му кажува за некој сопартиец кој ѝ рекол дека е на едно место, а за кој Савевски испитал и ѝ вели: „Вие кога сте му се јавиле, он седеше со тие луѓе на друго место“.

Потоа Савевски прави цели анализи, кој со кого се среќавал во Куманово, кога и каде, и ѝ кажува на Јанкулоска дека од „Баба Цана“, па сè до последната пицерија, сите ги прошетал со своите тимови и видел кој за кого агитирал.

Потоа ѝ предлага за „Слободан – Цобе и Бранко“ да утврдат дали се со ВМРО-ДПМНЕ или отишле на другата страна. Тој потоа истражува една „жена со плава коса“ за кого работела во вториот круг на локалните избори во Куманово.

Во еден момент, тој признава пред Јанкулоска дека прислушувал граѓани од Куманово.

Во бомбите кои денеска се слушаат во кривичниот суд за „Титаник“ се слуша и гласот на Зоки Марковски, поранешен командир во полициската станица Центар.

Тој од обвинетата ексминистерка Гордана Јанкулоска бара прераспоредување на партиски полицајци на избирачките места во општина Центар за денот на вториот круг од гласањето за локалните избори 2013 година.

„Еден наш го преместив во Центар со 300 усилби, преку Сашо, Влатко Мијалков. Ми требаат наши, верни, политички чисти, да ги распоредиме по гласачкиве места“, бара командирот на ПС Центар од шефицата Јанкулоска.

Во претпладневниот дел од рочиштето беа пуштени бомби во кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески договара стратегии со партиските соработници за добивање избирачки списоци и методи како да се влијае врз изборните резултати во општина Центар.

„Титаник“ Јанкулоска Савевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 17, 2026

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

ВЕСТИ June 17, 2026

Според документот, Иран и САД, заедно со нивните сојузници, би прогласиле моментален и траен крај…

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

June 16, 2026

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.