НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛШ: Атлетико М. нокаутиран во Дортмунд, ПСЖ спасуваше бод со Наполи

0
By Нова ТВ on October 25, 2018 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тежок удар за Атлетико Мадрид во Дортмунд. Борусија си поигра со составот на Диего Симеоне и го испрати од „Сигнал Идуна Парк“ со 4:о во меч од третото коло во Лигата на шампиони на УЕФА. Двоен стрелец за тимот на Лусиен Фавре беше Рафаел Гвереро во 73. минута и во 89. минута, Витсел погоди во 38. минута, гостинската мрежа ја затресе и Жадон Санчо во 83. минута. „Милионерите“ се лидери на табелата во групата А со 9 бода, три повеќе од екипата од „Ванда Метрополитано“, по бод и, речиси без шанси за осминафинале, имаат Монако и Бриж.

Барселона и без Меси силна за Интер

Фото: uefa.com

Барселона и во отсуство на Меси без поголеми проблеми го совлада Интер со 2:0 во еден од двата меча за прво место во групата Б. Каталонците поведоа со погодокот на Рафиња во 32. минута, печат на трите бода стави Жорди Алба во 83. минута. „Нероаѕурите“ солидно парираа на „Камп Ноу“, неколкупати се заканија преку Икарди, Весино и Политано, но решение за матирање на Тер Штеген не најдоа.

Барселона е водечка на табелата со максимален ефект (9 бода) пред Интер кој има шест, ПСВ Ајндховен и Тотенхем имаат по бод.

Ди Марија сочува бод во Париз, Ливерпул пресилен за Црвена звезда

Фото: uefa.com

Екипата на ПСЖ спаси бод во судиското надополнување во мечот со Наполи. Конечни 2:2 на „Паркот на принцевите“ во Париз, а најзаслужен за тоа беше Анхел ди Марија кој спречи сензационална победа на калчолигашот во 93. минута. Претходно за „светците“ погоди Руи (автогол) во 61. минута. Гостите од Италија беа ориентирани на контри против ѕвездениот состав на Томас Тухел и одлично ја спроведуваа таквата тактичка определба. На тој начин поведоа во 29. минута со погодокот на Лоренцо Инсиње за 1:0 и во 77. минута преку Дрис Мертенс за 2:1. Но, аргентинскиот крилен напаѓач на домашните ги спречи да се вратат на Апенините со цел плен од Франција.

Ливерпул, сепак, се покажа пресилен за Црвена звезда. „Црвените“ триумфираа со 4:0 за преземање на лидерската позиција во групата Ц. Серијата на голови на „Енфилд“ ја отвори Роберто Фирмињо во 20. минута, Мо Салах беше во улога на реализатор во 45. минута и во 51. минута од пенал, а точката на средбата стави Садио Мане во 80. минута, четири минути по промашениот пенал.

Касилјас го разбуди Порто во Москва

Фудбалерите на Локомотив Москва тргнаа на се или ништо пред своите гледачи против Порто, свесни дека само победа ги остава во игра за осминафинале, но согореа во желбата за победа. Португалскиот тим на крајот се радуваше со 3:1, а негов двигател во Русија беше голманот Икер Касилјас кој го одбрани ударот од белата точка на Мабнуел Фернандез во 10. минута и од тој момент се одеше во полза на „сино-белите“ од стадионот „Драгао“.

Фото: uefa.com

Муса Марега беше сигурен егзекутор на најстрогата казна во 26. минута, Ектор Ерера зголеми на 2:0 во 35. минута на што „армејците“ успеаја да возвратат преку Антон Миранчук во 38. минута за 2:1 и надеж дека можат до бод или сите три во продолжение на средбата. Меѓутоа веднаш по враќање од соблекувалните, нов студен туш за домашните фанови. Хезус Корона реализира за 3:1 за Порто, слика на семафорот што остана непроменета до крајот.

Единствениот меч без голови во третото коло се одигра во Истанбул меѓу екипите на Галатасарај и Шалке.

Лига на шампиони

Резултати, 3 коло

Група А

Борусија Дортмунд – Атлетико Мадрид 4:0, Бриж – Монако 1:1

Табела: Борусија Дортмунд 9, Атлетико Мадрид 6, Монако 1, Бриж 1.

Група Б

Барселона – Интер 2:0, ПСВ Ајндховен – Тотенхем 2:2

Табела: Барселона 9, Интер 6, ПСВ Ајндховен 1, Тотенхем 1.

Група Ц

Ливерпул – Црвена звезда 4:0, ПСЖ – Наполи 2:2

Табела: Ливерпул 6, Наполи 5, ПСЖ 4, Црвена звезда 1.

Група Д

Локомотив Москва – Порто 1:3, Галатасарај – Шалке 0:0

Табела: Порто 7, Шалке 5, Галатасарај 4, Локомотив Москва 0.

Барселона Борусија Дортмунд Лига на шампиони Порто ПСЖ фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.