Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АТП Мастерс финале: Ѓоковиќ по шест трофеј, Зверев за премиерен

0
By Нова ТВ on November 18, 2018 СПОРТ
Фото: atpworldtour.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 18, 2018 13:50
Новак Ѓоковиќ и Александар Зверев вечерва (19 ч.) во „О2 арена“ во пресметка за титулата на завршниот тениски Мастерс во сезоната. Српскиот тенисер и моментно водечки на АТП ранг листата во полуфиналето го елиминира Кевин Андерсон со 6:2, 6:2, додека Германецот осигура финале по триумфот над Роџер Федерер со 7:5, 7:6.
„Новак е најдобриот тенисер во светот во моментов. Многу е тешко да победите против него бидејќи тој, речиси, не губи во последните шест месеци. Игра неверојатно и треба да сте на највисоко ниво за да имате некаква шанса, рече Зверев пред натпреварот.
Ѓоковиќ до финалето во Лондон стигна со максимален ефект, откако ги доби сите три меча и во групната фаза. Со тоа испрати јаснапорака до неговите фанови и светската јавност како потврда на фаворитската улога што ја ужива пред мечот во кој ќе атакува на шести трофеј на финалните Мастерси по освоените во 2008 година, во 2012 година, во 2013 година, во 2014 година и во 2015 година. Доколку успее да слави ќе се израмни со Федерер.
„Очекувам сосема поинаков натпревар од оној кој го имавме пред неколку дена. Ова, сепак, ќе биде финале и може да имам некаква психолошка предност, но само пред дуелот. Саша е лидер на новата генерација. Тој е млад и веќе докажан играч. Поседува одлични квалитети и оваа недела докажа зошто е меѓу елитата, рече Ѓоковиќ пред средбата.
Ѓоковиќ и Зверев беа ривали во групата „Густаво Кернтен“ на годинашното издание на лондонскиот Мастерс. Србинот славеше со убедливи 6:4, 6:1 во третиот меѓусебен дуел. Триумф има и Зверев во финалето на Мастерс во Рим во 2017 година.
Лидерот на АТП листата е во одлична форма по повреда и по враќањето на терените освои четири титули – Вимблдон, Синсинати, Шангај и Ју-Ес Опен или на мегдан на Зверев ќе излезе со 26 победи во последните 27 натпревари.
Александар Зверев, пак, е прв Германец кој ќе игра финале на завршниот турнир по пауза од 22 години. Последен во таква улога беше Борис Бекер во 1996 година пришто загуби од Пит Сампрас. Ова за него е само второ учество на турнирот на најдобрите осум тенисери во сезоната. Дебитира лани кога не успеа да ја мине групата.
Александар Зверев АТП Лондон Мастерс Новак Ѓоковиќ тенис финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.