Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкета: Против амнестија, а за Договорот- граѓаните не сакаат избори

0
By Нова ТВ on November 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 22, 2018 09:39

Резултатите од најновата анкета на МЦМС и Телма покажуваат дека граѓаните не сакаат избори. Мнозинство од 58.9 % одговориле дека се против, а 33,5 % да. Нема големи разлики и на поддржувачите и противниците на избори по етничка припадност.

Кога би требало да се одржат изборите?

47 % од испитаниците прифаќаат редовен термин, 25 % сакаат вонредни, што побргу, и со скратени рокови а 16,1 % заедно со претседателските избори.

Довербата во политичарите.

Според оваа анкета, во убедливо водство е Зоран Заев – 21,4 %. Христијан Мицковски е на второ место со поддршка од 7,4 %. Претседателот Иванов – 6,1%; Ахмети 5,7, Села 3,8 , Груевски 2,7 % . Но дури 39,9 % немаат доверба во ниту еден.

Големата поддршка на Заев произлегува од поддршката кај Албанците – со 17,6 % поддршка тој е втор лидер по популарност кај етничките Албанци. Прв е Ахмети 23 % , а трет Села со 16 %.

Речиси 40% од испитаниците Албанци немаат доверба во ниту еден лидер.

Доколку утре има избори за 26,8 % би гласале за СДСМ; 21,5 %за ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ е стабилна сo 6,7 %, за Алијанса на Албанците ќе гласаат 3 % а за БЕСА 2,4%.

21,3 % од испитаниците изјавија дека нема да излезат на избори.

ВМРО-ДПМНЕ е водечка партија кај Македонците.30,4 % од испитаниците Македонци одговориле дека ќе ја дадат поддршката на оваа партија, за СДСМ ќе гласаат 25,5%.

Кај Албанците ниту еден не би гласал за ВМРО – ДПМНЕ, а 27.5% отсто од испитаниците најавиле дека поддршка ќе добие СДСМ.

Правда, а не амнестија

Резултатите од најновата анкета на Телма и МЦМС велат дека 66,9 отсто испитаници сметаат дека амнестија не е потребна туку дека е потребно спроведување на правдата. 24,8 % – сметаат дека амнестијата ќе придонесе за политичко помирување.

И Македонците и Албанците се против амнестија. 64 % од Македонците сметаат дека не е потребна амнестија како и 73,8% од Албанците кои го имаат истиот став. За амнестија кај Македонците се 27.9 % и 17,6 % кај Албанците.

Огромно мнозинство од 81,7 % поддржувачи на СДСМ се против амнестија, и само 12,4 отсто – ЗА.

Поделеност кај ВМРО-ДПМНЕ. 47 % сметаат дека амнестија ќе придонесе за помирување, и 47% одговориле дека е потребно спроведување на правдата.

Амнестија за обвинетите и учесниците во настаните од 27 Април во Собранието – 57,8 % се против, 37 % се ЗА.

Мнозинството Македонци и Албанци не се согласуваат со амнестија за 27 Април. 53,2 % Македонци и 67,6% Албанци се против.

Приврзаниците на партиите од македонскиот блок спротивставени. 74,5 % од поддржувачите на СДСМ се против амнестија, 66,7 % од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ се ЗА.

Дали е потребна амнестија и за предметите на СЈО? Повторно мнозинството се против. 61,6 % не се согласуваат со амнестија, 31,2 % би прифатиле.

Партиски разлики околу амнестија за предметите на СЈО. 56,8% испитаници и поддржувачи на ВМРО –ДПМНЕ би прифатиле а обратно 75,7% од испшитаниците симпатизери на СДСМ сметаат дека тоа е лош потег.

За Договорот од Преспа, поделеност за уставните измени

Мнозинство од 56,5 отсто од испитаниците одговориле дека се согласуваат со продолжување на спроведувањето на Договорот со Грција во Собранието со процесот на измена на уставните амандмани – според најновата анкета на Телма и МЦМС.

Против се 40,8 отсто, а 2,7 отсто не знаат или одбиле да одговорат.

Поддршка на процесот на уставни измени од 92,6 % има кај Албанците. Кај Македонците е поделено – 54,4 % поддржуваат, а 43 % се против продолжување на спроведувањето на Договорот со Грција во Собранието со процесот на измена на уставните амандмани.

Повеќе од половина или 54,4 % ја поддржуваат а 38,2 % не ја поддржуваат одлуката на седумтемина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за почеток на постапката за уставни измени. 7,4 % од испитаниците не знаат или одбиле да одговорат.


Одлуката на седумтемина пратеници на ВМРО – ДПМНЕ има поддршка од мнозинство од испитаниците етнички Албанци – 77,5 %. Кај Македонците ставот е поделен, со 1,3 % разлика. 47,4 % не ја поддржуваат одлуката а 46,1 % се ЗА.

Гледано по партиска припадност дури 71,4 % испитаниците, поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ не се согласуваат со потегот на нивните сопартијци. Од призмата на СДСМ 84% даваат поддршка на потегот на пратениците од опозицијата.

 

амнестија анкета избори МЦМС партии политичари Преспански договор рејтинг Телма уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.