По четврти пат, под називот “Еден од пет милиони”, граѓаните на Србија синоќа се собраа на голем протест против српскиот шеф на државата Александар Вучиќ. Пред собраните граѓани зборуваа актерот Бранислав Трифуновиќ, новинарот Срѓан Шкоро и претседателот на месната заедница Ракита Десимир Стојанов. На чело на протестниот марш беше Синдикатот на воените пензионери.
Според проценките, на протестот имало повеќе десетици илјади граѓани.
Насловот “Еден од пет милиони” се наметна откако по првата демонстрација Вучиќ изјави дека пет милиони луѓе да излезат на протест, нема да исполни ниту едно барање на опозициските лидери, кои според него, се дискредитирани.
Поддржувачите на опозицискиот блок од 30 партии и организации , наречен “Алијанса за Србија”, го дефинираат Вучиќ како автократ, а неговата Српска конзервативна партија како корумпирана.
Вчера во интервју за локалната телевизија “Студио Б” српскиот претседател изјави дека не се плаши од протестите и дека тие се демократско право, под услов да не дојде до проблеми.
“Луѓето денес се на улица, бидејќи им е преку глава од неправдата, корупцијата, насилството и уценувањето. Денес во Србија не можеш да се бориш со овие работи преку институциите, бидејќи тие речиси се откажаа од работа. Затоа денес се собравме толку многу луѓе тука. ” – коментираше Јеремиќ.
Шкоро порача дека цел на протестот е рушење на власта на Вучиќ:
– Наскоро ќе дојде време кога Вучиќ ќе моли за милост, но милост за него и за неговите нема да има, порача тој. Следниот пат, рече Шкоро, “секој од вас нека поведе со себе едно лице што не било на протест за да има повеќе”.
Петтиот протест е закажан за 5 јануари.
Според организаторите, протестот има повеќе барања: да му се овозможи на секој да го каќе својот став во емисиите на српската нациоална телевизија, да се откријат нарачателите на убиството на Оливер Ивановиќ, да се откријат нарачателите на претепувањето на Борко Стефановиќ и на членовите на Левица Србија, да се откријат нарачателите на палењето на куќата на Милан Јовановиќ, сопственик на порталот Жиг а министерот за внатрешни Небојша Стефановиќ да поднесе оставка.