Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Епидемијата на морбили ќе трае околу две недели

0
By Нова ТВ on January 3, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 3, 2019 18:39

Министерот за здравство, Венко Филипче очекува епидемијата на морбили да заврши за околу 14-15 дена, колку што е периодот на инкубација, од моментот кога последниот пациент со мали сипаници е примен на Инфективната клиника.

„Се надевам дека нема да бидат пријавени нови случаи на морбили“, вели министерот Филипче во интервју за ТВ „24 Вести“.

Според него, најголем проблем во однос на невакцинираноста кај нас се децата кои одат во градинка, затоа што кај децата кои ќе тргнат во прво, односно, второ одделение сериозно е висок опфатот со вакцинација.

„Ние имаме проблем со малите деца. Родителите очигледно под влијание на антивакциналните кампањи чекаат децата да проодат или да прозборат плашејќи се притоа да не заболат од некаква болест што наводно е во релација со вакцините и после тоа ги вакцинираат. Значи најголем процент од невакцинираните се деца со една, со две, со три, со четири години. По таа возраст, процентот на невакцинирани деца значително опаѓа, појаснува Филипче.

Тој истакна дека за справување со проблемот со антивакциналните кампањи, покрај прогласувањето на епидемија од морбили, од Министерството спроведуваат на терен кампања за да се подигне свеста кај популацијата и да се покаже дека не постои апсолутно никаков ризик од вакцинацијата, како и оти таа не може да се доведе во корелација со ниту една болест.

„Како што реков, процентот на невакцинирани деца по четвртата година бележи надолен тренд. Тоа е период кога децата стануваат посамостојни и тогаш родителите се сигурни дека не може тоа да се доведе во релација со некоја болест како аутизмот и ги вакцинираат своите деца. Затоа сметам дека антивакциналните кампањи се апсолутно неоправдани и носат само еден огромен ризик за враќање на болести што се смртоносни и што кај нас биле искоренети пред многу години, а кои денес се огромен проблем во неразвиените земји“, додаде македонскиот министер за здравство.

Нагласи дека во тек е сериозна кампања и кај здравствените работници за, како што рече, сведоштва во многу случаи во кои токму тие ги промовираат антивакциналните кампањи. Свесни сме за тоа и токму во овој момент се прави анализа на сите документи што биле издадени на невакцинираните деца за да утврдиме вакви случаи, заклучи Филипче.

Венко Филипче епидемија Македонија министер Морбили
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.