Претставничкиот дом на САД на денешната конститутивна седница за свој нов претседател ја избра демократката Ненси Пелоси (78). За неа гласаа 220 конгресмени од вкупно 435 колку што брои Долниот дом на американскиот Конгрес.
Ова ќе биде втор мандат за Пелоси на функцијата што ја извршуваше и од јануари во 2007 година до јануари во 2011 година. Таа досега беше лидер на демократите во Претставничкиот дом.