Лигата на шампиони на УЕФА ја даде и првата осминафинална вечер без голови. Ливерпул и Баерн Минхен одиграа 0:0 на „Енфилд“, па патникот меѓу најдобрите осум во елитното клупско фудбалско натпреварување од англиско-германскиот двомеч ќе биде познат по реваншот на „Алијац арена“ на 13 март.
Идентично заврши и дуелот на „Жерлан“ во Лион каде Олимпик беше домаќин на Барселона. Каталонците имаа повеќе од играта меѓутоа не успеаја да пробијат пат до голот на Антони Лопез.
Утревечер на програмата се последните две осминафинални пресметки во кои Атлетико Мадрид го пречекува Јувентус од 21 часот кога ќе започне и натпреварот на „Фелтинс арена“ во Гелзенкирхен меѓу Шалке и Манчестер сити.
Во сите досегашни први средби во осминафиналето во шампионската Лига на УЕФА имаше погодоци и тоа по три на „Олимпико“ (Рома – Порто 2:1), на „Вембли“ (Тотенхем – Борусија Дортмунд 3:0) и на „Амстердам арена“ (Ајакс – Реал Мадрид 1:2) додека ПСЖ беше подобар од Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ со 2:0.
Лига на шампиони, осминафинале, први мечеви
Ливерпул – Баерн Минхен 0:0
Олимпик Лион – Барселона 0:0
Рома – Порто 2:1
Манчестер јунајтед – ПСЖ 0:2
Ајакс – Реал Мадрид 1:2
Тотенхем – Борусија Дортмунд 3:0
Среда (21 ч.)
Атлетико Мадрид – Јувентус
Шалке – Манчестер сити