Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови детали за смртта на Сала: Авионот за минута загубил 2.000 метри и паѓал со 144 км./ч.

0
By Нова ТВ on February 25, 2019 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 25, 2019 21:56

Истрагата за падот на авионот во кој животот го загуби аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала, а пилотот Дејвид Иботсон сè уште се води како исчезнат, исфрла на површина нови детали. Со јавноста ги сподели отсекот за истражување на воздухопловни несреќи на Велика Британија. Но, оттаму воедно нагласуваат дека истрагата не е завршена и дека сите поединости ќе бидат познати по анализа на големиот број на податоци од радарите, по разговорите со сведоци и по прегледување на видео материјалите од подводното снимање при потрагата по авионот.

Досегашните податоци од истрагата укажуваат и на големи оштетувања на малиот авион што пукнал на три дела кои останале поврзани само со кабли. Моторот на леталото е лоцран надвор од трупот, а недостасуваат и делови од крилата и од опашката. Авионот, се вели понатаму во извештајот, пред падот не се движел праволиниски туку неколку пати „пропаѓал“.

Пилотот Иботсон двапати побарал дозвола за спуштање на „пајперот“ на помала висина поради намалена видливост што била предизвикана од магла. Во моментот на несреќата, авионот за една минута загубил 2.000 метри од висината и паѓал со 144 км./ч.

Младиот аргентински напаѓач загина во пад на авионот „Пајпер Малибу“ со ознака Н26ДБ на летот од Нант кон Кардиф на 21 јануари. Леталото исчезна од радарите набрзо по полетувањето и беше пронајдено по 13 дена на дното на Ла Манш во приватна истрага што ја организира семејството на фудбалерот и пријатели.

Од остатоците на авионот беше извлечено телото на Емилијано Сала и по направената обдукција беше кремирано во неговиот роден град Прогресо, во провинцијата Санта Фе, на 583 килоиметри од Буенос Аирес.

Отсекот за истражување на воздухопловни несреќи откри дека пилотот Дејвид Иботсон, по чие тело сè уште се трага, не поседувал дозвола за комерцијални летови туку само за приватни. Тоа упатува на заклучок дека Иботсон не можел да превезува било кого со финансиски надомест.

Неговата дозвола за приватни летови важела за САД и за Велика Британија, па дополнително се утврдува дали таа се однесувала и на Европската унија или во нејзини рамки можел да врши летови за пари. Дневникот што го водат пилотите е загубен, па истрагата не може точно да утврди колку часови Иботсон минал во воздух во последниот месец пред кобниот лет. Прелиминарните податоци укажуваат на вкупно 3.700 часа лет во неговата пилотска кариера.

авион Дејвид Иботсон Детали Емилијано Сала истрага несреќа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.