НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Седми циклус за ЕП во фудбал: Македонија вечерва за Пандев, Пандев за Македонија

0
By Нова ТВ on March 21, 2019 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија вечерва го отвора седмото квалификациско поглавје за Европско фудбалско првенство. Премиерата е против Летонија на националната арена „Филип Втори“ со почеток во 20.45 часот. Пристапот останува непроменет како и формацијата во насока на единствена цел – континуитет од настапите од последните десетина натпревари вклучувајќи ги и доминантните во Лигата на нации. Но, и за победнички белег на јубилејниот 100. меч на Горан Пандев во „црвено-жолтиот“ дрес колку што претходно одигра и Гоце Седлоски.

„Деешниот фудбал не распознава лесни противници и нема лесни натпревари. Само ние да бидеме на ниво од минатите средби во што не се сомневам. Силно верувам во овие момци од кои допрва ги очекувам најдобрите партии. Ја запознавме играта на Летонците кои знаат да бидат незгодни во воздушните дуели и при прекините. Ќе мора да внимаваме во тие ситуации, но севкупно гледано подготвени сме соодветно да се спротивставиме. Размислуваме победнички и фокусирани сме само на трите бода“, истакна селекторот Игор Ангеловски.

Ангеловски на терен ќе испрати 11 играчи во офанзивен систем (4-2-3-1). На официјалната прес-конференција истакна дека го има во глава стартниот тим што, сепак, го задржа правото за лично да го соопшти на фудбалерите. Со тоа остави простор за вклучување на фантазијата и шпекулирање со фудбалерите кои ќе почнат од првата минута.

Местото меѓу стативите е резервирано за Столе Димитриевски кој додека е со репрезентативни обврски во Скопје доби нов тренер во Рајо Валјекано. На централните позиции во одбраната ќе биде Висар Муслиу во тандем, веројатно, со Кире Ристевски, десно од нив ќе биде Стефан Ристовски, а лево Езџан Алиоски. Двојката за врзување на дефанзивниот и средниот ред ќе биде Енис Барди и Елиф Елмас, пред нив Пандев, во крилните позициите Александар Трајковски и Ферхан Хасани и во шпицот Илија Несторовски.

Од комбинација за настап вечерва отпаднаа Стефан Спировски и Иван Тричковски поради повреди кои се неизвесни и за неделното гостување во Љубљана против Словенија.

„Среќен сум за јубилејот. Ми дава мотив плус за настап вечерва, но не се оптоварувам дали ќе дадам гол. Желбата ми е победа и се е подредено на тоа. Функционираме како фамилија, самодовербата е на одлично ниво и ги имаме сите услови да продолжиме каде што застанавме во Лигата на нации“, истакна Пандев.

Во групата Г вечерва ќе играат уште Австрија – Полска и Израел – Словенија.

Квалификации за ЕП 2020

Група Ц

Северна Ирска – Естонија (20.45 ч.)
Холандија – Белорусија (20.45 ч.)

Група Е

Хрватска – Азербејџан (20.45 ч.)
Словачка – Унгарија (20.45 ч.)

Група Г

Македонија – Летонија (20.45 ч.)
Израел – Словенија (20.45 ч.)
Австрија – Полска (20.45 ч.)

Група И

Казахстан – Шкотска (16 ч.)
Кипар – Сан Марино (18 ч.)
Белгија – Русија (20.45 ч.)

 

Горан Пандев ЕП 2020 квалификации Летонија Македонија фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.