НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еквадор: Немаме договор со В. Британија за апсење на Асанж, тоа се лажни вести

0
By Нова ТВ on April 6, 2019 СВЕТ
Фото: cnn.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еквадор ги отфрли тврдењата на Викиликс дека планира исфрлање на основачот на организацијата Џулијан Асанж од амбасадата во Лондон и таквите вести ги нарече „лажни“ што имаат за цел да го поткопаат достоинството на земјата. Во соопштение објавено синоќа, Министерството за надворешни работи на Еквадор демантира дека има договор со Велика Британија за апсење на Асанж.

„Ширејќи такви вести, барателот на азил и неговите соработници уште еднаш изразуваат неблагодарност и непочитување кон Еквадор“, соопшти Министерството.

Британската полиција вчера распореди вооружени припадници пред еквадорската Амбасада во Лондон, откако на профилот на Викиликс на Твитер беше објавено сознание од високи извори дека основачот на организацијата Џулијан Асанж би можел да биде исфрлен од објектот „во наредните часови или денови“. Локалните медиуми јавија дека ситуацијата во Амбасадата е мирна и оти ниту еден нејзин вработен, ниту британските власти не го коментираа статусот на Твитер.

Лондонската полиција соопшти дека нема промени во полициската процедура. Во соопштението се додава дека има активен налог за апсење на Асанж и оти полицијата „има обврска да постапи по тој налог доколку тој ја напушти Амбасадата“.

Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант потоа изјави дека Асанж е „слободен човек“ и кога ќе одлучи може да ја напушти Амбасадата на Еквадор во Лондон.

„Тој може да ја напушти Амбасадата кога ќе посака и ние сакаме таа ситуација да се реши што побрзо“, рече Хант.

Секојдневната полициска стража пред Амбасадата беше укината во октомври во 2015 година по три години од поставувањето и се премина на она што полицијата го нарече „прикриено“ дејствување.

Асанж е во еквадорската Амбасада од август во 2012 година, откако се засолни поради страв дека британските власти ќе го уапсат и екстрадираат во САД кои го бараат за објавување на илјадници тајни воени и дипломатски документи.

амбасада Еквадор Лондон Џулијан Асанж
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.