НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џулијан Асанж – борец за вистина или личност желна за публицитет

0
By Нова ТВ on April 11, 2019 СВЕТ
Фото: cnbc.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За приврзаниците, Џулијан Асанж е храбар борец за вистина, но за критичарите тој единствено бара публицитет и ги загрозува луѓето објавувајќи чувствителни информации, пишува „Би-Би-Си“ во текст по повод неговото денешно апсење. Оние кои работеле со него го опишуваат како способен и многу интелигентен човек со исклучителна способност да „разбива“ компјутерски шифри.

Асанж го основа „Викиликс“, платформа што објавуваше доверливи документи и фотографии од 2006 година, а во 2010 година се најде на насловните страници ширум светот при објавата на снимка на која американски војници убиле 18 цивили од хеликоптер во Ирак. Тој, исто така, објави доверливи воени документи на САД за војните во Авганистан и Ирак во јули и октомври 2010 година.

Подоцна, истата година, е уапсен во Велика Британија, откако Шведска издаде меѓународна потерница за негово апсење поради наводно сексуално злоставување. Шведските власти побараа да го сослушаат поради тврдењата дека во август 2010 година силувал една жена и сексуално злоставувал и принудувал друга жена додека бил во Стокхолм каде одржал предавање. Тој изјави дека двата сексуални односа биле доброволни.

Асанж е ослободен со кауција во декември 2010 година, но Врховниот суд на Велика Британија во мај во 2012 година донесе пресуда дека треба да биде екстрадиран во Шведска. Тој притоа побара и доби азил во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Основачот на „Викиликс“ секогаш тврдел дека не може да ја напушти амбасадата бидејќи стравува оти ќе биде екстрадиран од Шведска во САД каде би можело да му се суди за објавувањето на тајните американски документи. По речиси седум години поминати во еквадорската амбасада, британската полиција го уапси денеска и го отстрани од просториите на дипломатското претставништво.

Претседателот на Еквадор, Ленин Морено напиша на Твитер дека неговата земја го повлекла азилантскиот статус на Асанж „по повторните кршења на меѓународните конвенции и дневните протоколи“.

Асанж е роден во 1971 година во Таунсвил во австралиската држава Квинсленд, а неговите родители биле актери кои патувале низ земјата. Станал татко на 18 годишна возраст, а набрзо потоа почнала борба за старателство врз детето.

Развојот на интернетот му дал шанса да го искористи своето знаење од математика иако тоа придонело и за многу проблеми. Во 1995 година Асанж, заедно со еден пријател, се обвинети за десетици хакерски активности. Ја призна вината и прифати парична казна од неколку илјади австралиски долари во замена за избегнување на затвор и под услов да не го повтори кривичното дело.

Во 2006 година го основал „Викиликс“ со група истомисленици, прифатил номадски начин на живот, водејќи го од различни локации. Можел долго да издржи без храна и се фокусирал на работа со многу малку спиење.

азил амбасада апсење Еквадор Лондон Џулијан Асанж
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.