НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Барселона на прагот на финале во ЛШ: Магијата на Меси одекна до Ливерпул (Видео)

0
By Нова ТВ on May 1, 2019 СПОРТ
Фото: seattletimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лионел Меси е еден од најдобрите фудбалери во историја, ако не и најдобар. Дека е така Аргентинецот покажа и вечерва на „Камп Ноу“ во убедливата победа на Барселона над Ливерпул со 3:0 во првиот дуел од шпанско-англиската полуфинална пресметка во Лигата на шампиони.

Голеадата ја започна Луис Суарез во 26 минута по асистенција на Жорди Алба по што на сцена стапи малиот волшебник од Росарио. „Десетката“ на Каталонците постигна два од трите гола за екипата на Ернесто Валверде, а особено импресивен беше вториот или последен за домашните во 82. минута со кој ги „запали“ социјалните мрежи.

Судијата Бјорн Куиперс досуди слободен удар за Барселона на околу 30 метри од голот на Алисон Бекер чија што мрежа само што се смири од реализацијата на аргентинскиот ас во 75. минута. Меси ја намести топката и со лева шутираше неодбранливо за бразилскиот голман на „црвените“ за, многу веројатно, запечатување на нивната судбина во годинашното издание на ЛШ.

Вечерашниот настап ќе остане долго во меморијата на Меси. На овој ист ден пред 14 години го постигна првиот гол за Барселона, денеска му пресуди на Ливерпул со два со кои стигна до бројката од јубилејни 600 во кариерата. Притоа по јубилеен 100 пат ја носеше капитенската лента.

https://www.youtube.com/watch?v=FbXNPzlXmdc

Ливерпул до крајот се обиде со сите сили да постигне барем почесен гол за „оживување“ на реваншот на „Енфилд“. „Црвените“ тргнаа во јуриш, имаа две големи прилики во 84. минута и во 86. минута, но, за жал, останаа покуси за прослава. Најпрво Ракитиќ ја исфрли топката од, речиси, гол линија по ударот на Фирмињо по што следуваше и статива од Мохамед Салах.

Но, тимот на Јирген Клоп, исто така, можеше да биде и, резултатски, посурово казнет. Барселона во судиското екстра време имаше уште три прилики од контри меѓутоа не успеа да реализира ниту една.

Барселона Ливерпул Лига на шампони Лионел Меси Полуфинале фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.