Фудбалерите на Лацио ја совладаа Аталанта со 2:0 во финалето на италијанскиот Куп и по седми пат го освоија пехарот во натпреварувањето.
Победникот на „Олимпико“ беше решен во финишот на мечот со головите на Сергеј Милинковиќ Савиќ во 82. минута и на Хоакин Кореа во 90. минута.
За лацијалите ова е трет Куп трофеј во последните десет години, подобар од нив е само Јувентус кој има еден повеќе во изминатата деценија.