НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сенатор Риш: Очекувам ратификација на Протоколот за НАТО во јуни

0
By Нова ТВ on May 25, 2019 СВЕТ
Фото: risch.senate.gov
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сенатот се очекува да го ратификува Протоколот за влез на Северна Македонија во НАТО во јуни, вели во интервју за „Глас на Америка“ сенаторот Џејмс Риш, претседавач со Комисија за надворешни работи.

„За околу две недели Комисијата ќе има сослушување за Протоколот. Потоа, тој ќе треба да оди на гласање пред целиот Сенат. И многу веројатно тоа ќе се случи во јуни. Претпазливи оптимисти сме дека тоа ќе го направиме тогаш“, рече Риш.

Сенаторот очекува голема поддршка за ратификација на Протоколот или, како што самиот истакна, 98 од 100 сенатори да гласаат за него.

„Мислам дека со ова ќе се пополни голема празнина што постоеше во Северна Македонија и Балканот. Веруваме дека државата ќе биде цврсто дополнување на НАТО силите во тој регион“, изјави Риш.

Смета дека специјално нешто што Северна Македонија ќе и` донесе на Алијансата е полигонот за вежбање кој, според него, ќе се користи многу почесто со зачленувањето во НАТО.

„Природно и нормално е да видите и економски активности што ќе следат по пристапувањето. Никој нема да биде изненаден да има економски развој“, верува Риш.

Тој вели дека референдумот минатата година бил јасен индикатор дека народот не го сака мешањето на Русија во државата, додавајќи дека влезот во НАТО ќе биде и крајно одбивање на малигното влијание што таа го носи.

„Верувам дека повеќето луѓе би сакале да се спротивстават на руската агресија и да се најдат под заштита на најсилната воена алијанса што некогаш била креирана во историјата на светот. Ако јас живеев во овој регион ќе сакав да бидам дел од НАТО што ќе ја гарантира безбедноста на мојата држава“, вели Риш.

Сенаторот рече дека на почетокот на годината се сретнал со официјални лица на Северна Македонија, на кои им ја пренел пораката за корупција, демократија, слобода на говор и човекови права.

„Америка е модел за луѓето, независно дали се работи за корупција, демократија, слобода на говор или човекови права. Сето тоа сме ние и Америка. Верувам дека тоа се нашите столбови што луѓето ги сакаат. Не сакаме да им кажуваме на луѓето што треба да прават, но овие пораки се прифаќаат речиси во сите држави во светот“, истакна тој.

Нагласи дека Северна Македонија е партнер на САД, и тие и натаму ќе останат силен поддржувач на интересите на македонските граѓани.

НАТО Протокол ратификација САД Сенат Џејмс Риш
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.