НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова шлаканица за Меси: Бразил ја елиминира Аргентина на Копа Америка (Видео)

0
By Нова ТВ on July 3, 2019 СПОРТ
Фото: bola.tempo.co
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лионел Меси останува без трофеј со репрезентацијата на Аргентина. Бразил ја доби најновата јужноамериканска фудбалска класика и ги совлада „гаучосите“ со 2:0 во полуфиналето на Копа Америка и се најави на „Маракана“ во мечот за титулата со подобриот од дуелот меѓу Чиле и Перу.

Фото: deportes.emanoticias.com

Двата гола беа дела на Габриел Жезус и на Роберто Фирмињо. Првиот го потпиша играчот на Манчестер сити во 19. минута во кој најголема улога, сепак, имаше Дани Алвеш, вториот го постигна фудбалерот на Ливерпул во 71. минута.

Аргентинците не беа без шанси, двапати ги погодуваа рамките на голот на Алисон Бекер, но радост не дочекаа во Бело Хоризонте. „Гаучосите“, и покрај поразот, се гневни и на судиите од кои бараа пенали по прекршоците на Алвеш над Агуеро и на Артур над Отаменди на кои остана нем еквадорскиот арбитар Роди Замбрано.

Лионел Меси ќе мора да почека на трофеј со националниот барем до наредното лето и новото издание на Копа Америка на кое Аргентина ќе биде кодомаќин со Колумбија. Бразилскиот селектор Тите, пак, по 42 пат го предводеше „кариоките“ од клупата со кои досега има само два пораза.

https://www.youtube.com/watch?v=Ddf6Bea-lQo

Второто полуфинале меѓу бранителот на титулата Чиле и предизвикувачот Перу е ноќеска (02.30 ч.) во Порто Алегре. Натпреварот за трето место е на 7 јули, ден подоцна ќе биде промовиран и новиот шампион на Јужна Америка.

Аргентина Бразил Копа Америка Полуфинале фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.