НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

С. Вилијамс „прегазена“: Халеп за 55 минути до трофејот на Вимблдон

0
By Нова ТВ on July 13, 2019 СПОРТ
Фото: wimbledon.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Симона Халеп ја наследи Анџелика Кербер на тронот на Вимблдон. До првиот трофеј на лондонската трева, втор гренслем во нејзината кариера по Ролан Гарос во 2018 година, Романката стигна експресно и на импресивен начин. Конечни 6:2, 6:2 за 27 годишната девојка од Констанца која ја надигра Американката како ретко која нивна колешка досега.

Халеп беше нерешлива загатка за седумкратната шампионка на „All England Club“. „Пукаше“ од самодоверба уште при појавување на централниот терен што ја докажа со брејк во воведниот гем, а потоа и со потврда во наредниот. И потоа се одеше во посакуваната насока. За неа едноставно немаше загубено топче или прерано предаден поен. Стигнуваше на секоја педа на тревникот, перфектно ја служеше сервисот, направи само три неизнудени грешки, а за фантастичното издание ја принуди Вилијамс на еден куп.

Серена Вилијамс ќе мора да причека барем до Ју-Ес опен за 24 гренслем титула во кариерата со кој ќе се израмни со Маргарет Корт. Финалето на Вимблдон беше нејзино трето на гренслем турнирите по породувањето и трето загубено. Лани во Лондон загуби од Анџелика Кербер со 3:6, 3:6, а на Ју-Ес опен 2018 и од Наоми Осака 2:6, 4:6.

Утре од 15 часот на централниот терен на „All England Club“ ќе играат Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер во машкото финале на Вимблдон 2019 во изминатите две недели се иргаше за награден фонд од 38 милиони фунти.

Вимблдон Серена Вилијамс Симона Халеп тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.