Македонските ракометни кадети се елиминирани од Португалија во осминафиналето на Светското првенство што овие денови се одржува во Скопје (СЦ „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански арена“). Селекцијата од Пиринеите го порази мундијалскиот домаќин со 29:25 (полувреме 15:12) за шеста победа во шестиот нејзин настап на турнирот и заслужена пресметка со Франција со четврт-финалето. „Црвено-жолтите“, пак, ќе разигруваат за пласман од деветтото до 16. место и досега имаат две победи (над Нигерија и над Бахреин) и четири порази (од Аргентина, од Данска, од Јапонија и од Португалија).
Мартин Серафимов со девет гола беше најефикасен ракометар во мечот, Михајло Младеновиќ додаде шест за македонската репрезентација колку што реализира и Филипе Мораиш за победничкиот тим.
Осминафинале на СП 2019 во ракомет (м) – У19
Португалија – С. Македонија 29:25
Шпанија – Шведска 28:27
Франција – Норвешка 33:28
Данска – Тунис 30:25
Исланд – Јапонија 39:34
Хрватска – Унгарија 23:27
Египет – Словенија 30:23
Аргентина – Германија 25:33
Двојки за четврт-финале
Египет – Исланд
Франција – Португалија
Унгарија – Германија
Шпанија – Данска