НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Конте со писмо до Салвини: Шест европски земји сакаат да ги преземат мигрантите

0
By Нова ТВ on August 15, 2019 СВЕТ
Фото: libremercado.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот на Италија, Џузепе Конте изјави дека шест европски земји изразиле подготвеност за преземање на 147. мигранти кои се блокирани на шпански хуманитарен брод во водите на Италија.

Тој ова го напиша во отвореното писмо до министерот за внатрешни работи, Матео Салвини, објавено на својот Фејсбук, во кое се наведува дека Франција, Германија, Романија, Португалија, Шпанија и Луксембург ќе „подадат рака“.

Шпанскиот хуманитарен брод „Опен армс“ (Open Arms) со 147 мигранти денеска се вкотви во италијански територијални води и чека дозвола да вплови во пристаниште на островот Лампедуза, откако Административниот суд во Рим вчера го дозволи тоа.

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини забрани бродот да влезе во пристаништето, додека министерката за одбрана Елизабета Трента одби да ја потпише забраната на Салвини. Трента истакна дека политиката не може да ја загуби хуманоста.

Административниот суд во Рим вчера даде зелено светло за бродот на шпанска хуманитарна организација „Опен армс“ да вплови во италијанските води. Судот ја усвои жалбата на таа организација на забраната бродот да се закотви во Италија што ја донесе Салвини.

Поради забраната на Салвини, бродот на шпанската организација чекаше две недели за дозвола за закотвување на италијанскиот брег.

Во овој период, според организацијата Опен армс, на некои мигранти на бродот им се влошило здравјето.

Италијанскиот суд во образложението на пресудата посочил дека е изречена поради исклучително тешката и итна состојба на мигрантите на бродот.

брод Италија Матео Салвини Мигранти Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.