НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Квалификации за ЕП 2020 во фудбал: Македонија во потрага по бод(ови) против Израел

0
By Нова ТВ on September 5, 2019 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската фудбалска репрезентација ќе се обиде да задржи купе во возот што по редовната рута на квалификации води до Европското првенство во 2020 година. Вечерашната станица е во Бер Шева и натпревар со селекцијата на Израел на стадионот „Тото Тарнер“ со почеток во 20.45 часот по што ќе продолжи кон Рига каде во недела ќе гостува и на Летонија во шестото коло во групата Г.

Исходите од двата меча ќе го детерминираат и значењето на преостанатите четири (по два во октомври и во ноември). Со евентуални три и повеќе освоени бода, „црвено-црните“ ќе останат конкурентни во борбата за второ место на табелата. Во спротивно, натпреварувачкиот дух ќе остане, но финишот на циклусот, објективно, ќе биде претворен во подготовки за полуфиналниот судир со Косово во Лигата на нации во која влогот, исто така, е ЕП 2020.

Селекторот Игор Ангеловски во пресрет на вечерашниот дуел со Израел се соочуваше со две непознати – настапот на Горан Пандев и на Аријан Адеми. И капитенот и столбот во играта на загрепски Динамо со статус на неизвесни. Пандев е со хематом во пределот на слабината, Адеми е со проблеми во зглобот на левата нога, па дали ќе бидат во почетниот тим или ќе почнат на клупа ќе лебди до пред самиот меч.

„Ќе се обидеме да бидеме тие што се прашуваат на терен и од нас да зависи текот на натпреварот“, е пораката на селекторот од Израел.

Македонија во дуелот со Израел влегува од претпоследното место во групата Г. „Црвено-жолтите“ досега собраа четири бода од четири меча во кои забележаа триумф над Летонија (3:1), реми со Словенија (1:1) и два пораза од Полска (0:1) и од Австрија (1:4). Петтото коло во конкуренцијата ќе биде комплетирано утревечер со мечевите Словенија – Полска и Австрија – Летонија.

Квалификации за ЕП 2020 во фудбал

Денеска играат

Група Д: Р. Ирска – Швајцарија (20.45 ч.), Гибралтар – Данска (20.45 ч.)

Група Ф: Романија – Шпанија (20.45 ч.), Норвешка – Малта (20.45 ч.), Фарски Острови – Шведска (20.45 ч.)

Група Г: Израел – С. Македонија (20.45 ч.)

Група Ј: Ерменија – Италија (18 ч.), БиХ – Лихтенштајн (20.45 ч.), Финска – Грција (2о.45 ч.)

ЕП 2020 Израел квалификации Македонија фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.