Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вечерва лидерска средба за законот за ЈО

0
By Нова ТВ on September 10, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 10, 2019 08:14

Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Собранието на лидерска средба ќе се обидат да најдат решение за разликите за Законот за јавно обвинителство, со кој се решава и судбината на Специјалното јавно обвинителство.

Лидерската средба е закажана за 20 часот и ќе се одржи во формат еден плус четири.

Од ВМРО -ДПМНЕ го потврдија одржувањето на лидерската, но нагласија дека освен за Законот за јавно обвинителство, тема ќе бидат и предвремените избори. Од партијата велат дека темата предвремени избори биле услов за одржување на лидерската.

Од Владата за МИА велат дека главна тема е Законот, а за тоа дали ќе се разговара за предвремени ќе се види на самото место.

Заев во пораката за Денот на независноста меѓу другото изрази и увереност дека земјата има капацитет со двотретинско мнозинство да го донесе и Законот за јавно обвинителство.

– Сите случаи и евентуални случаи на криминал и корупција, како во развиените земји, мора да добијат ефикасна, праведна и правична разврска. Тоа го очекуваат граѓаните и со тоа ќе дадеме дополнителни аргументи на ЕУ, дека сме и ние цврсто определени кон правдата и изградбата правна држава, истакна премиерот.

Поради скратените рокови Законот за Јавно обвинителство се очекува да биде донесен најдоцна до 15 септември. За да биде усвоен потребно е двотретинско мнозинство од пратениците, а неговото носење е клучно и за евроинтеграциите на земјава.

Последната средба на работните групи на власта и опозицијата за законот, која се одржа минатата недела не вроди со суштествен заклучок, а сега се очекува решението да се бара на лидерската средба.

Јавното обвинителство во петокот го прифати барањето на специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева да ги преземе предметите на СЈО.

Примопредавањето на предметите од СЈО во државното јавно обвинителство, како што најави државниот јавен обвинител Љубомир Јовески ќе се врши предмет по предмет. Тој не очекува процесот да трае долго и дека Обвинителството има капацитет да ги преземе и да постаува соодветно по предметите.

Калајџиев: СДСМ и ВМРО ДПМНЕ треба да кажат зошто не договорија наследник на Јанева

Камбовски: СЈО ја одигра својата улога, предметите сега треба да преминат во Обвинителството

Заев Закон за ЈО лидерска Мицкоски СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.