НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Убедливи „црвено-црни“ фудбалери: Прва победа на Шкендија и будење на Вардар

0
By Нова ТВ on September 14, 2019 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Прва победа во сезоната на Шкендија, трета на Вардар, трет пораз во низа на Работнички и „пет од пет“ на домашните екипи. Ова се карактеристиките на петтото коло во домашниот фудбалски шампионат по кој Академија Пандев и Македонија Ѓ.П. остануваат единствени непоразени во конкуренцијата чиј, пак, нов фенерџија е тимот на Работнички.

Шкендија на „Еколог арена“ во Тетово го совлада Работнички со 3:0 и ги испрати дебармаалци на дното на табелата. Серијата голови за шампионот под Шара ја отвори Стенио Жуниор во 19. минута, на 2:0 зголеми Арменд Алими во 37. минута, а печат на премиерните три бода во првенството стави Енур Тотре во 90. минута.

Вардар со идентичен резултат ја совлада Струга Трим Лум со таа разлика што скопските „црвено-црнит“ се „разбудија“ во последната третина од средбата. Двоен стрелец за составот на Александар Васоски беше Бразилецот Жунињо во 59. минута и во 67. минута, потписник на третиот беше Даниел Аврамовски во 80. минута.

Борец поведе, па застана на гостувањето во Ѓорче Петров. Екипата на Македонија на крајот триумфира со 3:1 со погодоците на Бразилецот Паду во 39. минута, на Дејан Блажевски во 72. минута и на Бенјамин Демир во втората минута од екстра времето.

Само еден гол беше доволен за тимот на Шкупи за победа над Силекс. Единствениот гол на Чаир го постигна бразилскиот напаѓач Сержињо во 58. минута. Кратовци го заврши мечот со играч помалку, во продолжението „поцрвене“ Даниел Карчески.

Во увертирата на петтата рунда, Академија Пандев ја порази Ренова со 2:0. Марко Рајковиќ ја најави четвртата победа во сезоната на струмичани што ја потврди Марио Крстовски во 87. минута.

Прва лига, 5 коло

Шкендија – Работнички 3:0

Вардар – Струга Трим Лум 3:0

Македонија Ѓ.П. – Борец 3:1

Шкупи – Силекс 1:0

Академија Пандев – Ренова 2:0

Табела: Академија Пандев 13, Македонија Ѓорче Петров 11, Вардар 10, Шкупи 8, Ренова 7, Струга Трим Лум 7, Борец 4, Шкендија 4, Силекс 3, Работнички 3.

Идно коло: Струга Трим Лум – Академија Пандев, Работнички – Македонија Ѓ.П., Шкупи – Вардар, Ренова – Шкендија, Силекс – Борец

Вардар Прва лига фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.