НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заборавија да се радуваат: Прва победа на македонските фудбалерки по 8,5 години

0
By Нова ТВ on October 2, 2019 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Осум и пол години минаа од последната победа на македонската женска фудбалска репрезентација во квалификациски меч за Европско или Светско првенство. Реми (1:1) против Литванија и триумфи над Лихтенштајн (5:1) и на Летонија (1:0) беа мечевите за кои времето ги нагриза спомените. Во досието на националниот тим е запишано дека датираат од март во 2011 година на стадионот „Кукуш“ во Турново во претквалификациите за Европското првенство во Шведска во 2013 година.

Непријатната традиција за „црвено-жолтите“ фудбалерки траеше до денеска. Прекината е попладнево во тренинг центарот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Во квалификациите за ЕП 2021 беше совладата селекцијата на Казахстан со 4:1 во меч во кој по два гола постигнаа Наташа Андонова и Гентијана Рочи.

„Чувството е фантастично. Се вративме на победите. Одигравме одличен натпревар за што најдобар показател е резултатот“, гласеше, меѓудругото, коментарот по мечот на Наташа Андонова која од ова лето е член на екипата на Леванте во Шпанија.

Победата над Казахстан е од големо значење за женскиот тим под водство на Кирил Изов за поместување на самодовербата од мртва точка пред саботниот дуел со Србија на домашен терен. Македонската селекција загуби од Австрија (0:3), на почетокот на септември, во првиот меч во групата Г во која е сместена и Франција.

ЕП 2021 квалификации Македонија репрезентација Фудбал (ж)
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.