Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Герберих: СЈО поттикна процес, неуспехот на поединци не значи дека целиот систем е погрешен

0
By Нова ТВ on October 6, 2019 ВЕСТИ
Фото: kapital.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 6, 2019 09:54

Западен Балкан е регион од стратешко значење за Европската Унија и не смееме да го запоставиме од нашите интереси. Северна Македонија ги забрза реформите и направи реформски чекори во сите области што се релевантни за започнување на преговорите. Ова во интервју за МИА го порача германскиот амбасадор, Томас Герберих, кој истакна дека големо мнозинство на државите членки на ЕУ веќе се изјасниле за започнување на преговорите.

„Недостигаат само уште неколку. Се надевам дека земјите-членки на Европската Унија на Советот за општи работи на 15 октомври ќе можат да постигнат согласност за отворање на преговорите“, вели Герберих за МИА.

Во врска со реформите на правосудството и каде СЈО потфрлило на патот за справување со високиот криминал и корупција, Герберих вели дека не му доликува да ја коментира работата на правосудството. Но, лично смета дека, и покрај сите недостатоци, формирањето на СЈО поттикна процес, а неуспехот на поединци, додава тој, не е индиција дека целиот систем е погрешно поставен.

Со големо мнозинство на пратеници, Бундестагот даде зелено светло за почеток на преговори на Северна Македонија со Европската Унија. Германија се смета како еден од клучните фактори што би довеле до позитивен исход за нас на претстојниот Самит. Ваша оценка дали земјата конечно ќе го добие долгоочекуваниот датумот за старт на преговорите?

Одлуката на Бундестагот е значаен чекор во овој момент, како за иднината на земјите од Западен Балкан, така и за самата Европска Унија. Големо преовладувачко мнозинство на ЕУ-државите веќе се изјасни за започнување на преговорите. Недостигаат само уште неколку. Се надевам дека земјите-членки на Европската унија на Советот за општи работи на 15 октомври ќе може да постигнат согласност за отворање на преговорите.

Фото: sobranie.mk

Сите сме оптимисти за датумот, но, сепак, постои одреден сомнеж што е поврзан со непроменетиот став на Франција, прво реформи внатре во ЕУ, па проширување. Знаеме дека одлуките во ЕУ се носат со консензус. Како ваквиот став на Франција и Макрон би се одразил врз одредувањето датум и дали постои можност да добиеме датум, но сепак со некакво условување од страна на Париз?

Западен Балкан е регион од стратешко значење за ЕУ и не смееме да го запоставиме од нашите интереси. Северна Македонија ги забрза реформите и направи реформски чекори во сите области што се релевантни за започнување на преговорите. Договорот за добрососедство со Бугарија и историскиот Договор од Преспа со Грција значително го трасираа патот за помирување во регионот. Сето ова покажува дека реалната перспектива за пристап претставува значаен двигател за реформи, помирување и стабилизација во Западен Балкан. Исто така е јасно дека пристапниот процес, кој токму поради тоа е поделен на поединечни поглавја, содржи услови. Фокусот е на правната држава, основните вредности, борбата против организираниот криминал и корупцијата. Оптимисти сме дека стратешкото значење на процесот ќе биде согледано и кај нашите ЕУ-партнери.

Во вашиот говор на неодамнешната дебата за реформите што треба да се преземат во изборниот систем рековте сме постигнале имресивни реформи изминатиот период, го споменавте и правосудството. Ваша оценка каде потфрли СЈО на патот за справување со високиот криминал и корупција?

Не ми доликува да ја коментирам работата на правосудството. Но, ако ме прашате за мое лично мислење, при сите сè уште постоечки недостатоци, формирањето на СЈО поттикна процес што во рамки на правосудната реформа посочува кон вистинскиот правец. Неуспехот на поединци не е индиција за тоа дека целиот систем е погрешно поставен. Станува збор за создавање на независно правосудство што ќе дејствува според принципите на владеење на правото во Северна Македонија. Кривичните дела мора да подлежат на прогон, независно од лицето или неговата позиција. Тука спаѓа и тоа, истрагите да напредуваат брзо и како резултат да следи пресуда во разумен рок.

Актуелен е случајот „Рекет“, во кој една од осомничените е поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Што според Ваша оценка значи „Рекет“ за Северна Македонија, напредок или назадување, испливување на нечистотиите на површина и можност да се расчисти ситуацијата или разочарување за ЕУ?

Обвинувањата против специјалната јавна обвинителка Јанева ги расветлува актуелно правосудството. Секако дека т.н. случај „Рекет“, по објавувањето во јули, предизвика големо внимание во медиумите и во јавноста. Но, на истрагите на Јавното обвинителство, кои веќе биле започнати пред известувањето на медиумите, треба да им оставиме простор. И претседателот Пендаровски и премиерот Заев побараа целосно и независно расфетлување на случајот, ова барање ние го поддржуваме.

Германија на 3 октомври го одбележа Денот на германското единство. Поминаа речиси 30 години откако Западна и Источна Германија се обединија. Дали 30 години се доволни за вистинско единство, за надминување на разликите меѓу Истокот, кој беше посиромашен, и Западот, кој и денеска се смета за побогат?

По падот на Берлинскиот ѕид, Германија се развиваше во сите политички и економски области и покрај сè посложното меѓународно опкружување. Важно е дека луѓето од Истокот и Западот храбро ја искористија шансата. Во овие 30 години нивото на живот во старите и новите сојузни покраини се израмни, но секако дека сè уште има регионални разлики. Тие начелно не постојат повеќе меѓу Истокот и Западот, туку врз основа на различните регионални развои и меѓу Северот и Југот, и меѓу сите сојузни покраини.

амбасадор Германија ЕУ интервју Македонија преговори СЈО Томас Герберих
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.