НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грчки медиуми по Самитот на ЕУ: Политички земјотрес во Скопје по ветото од Франција

0
By Нова ТВ on October 19, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Ветото од Франција предизвика политички случувања во Северна Македонија“, „Бура во Скопје по кажаното „не“ од ЕУ“, „Разочараност во Северна Македонија“, „Политички земјотрес во Скопје“, се дел од коментарите во грчките медиуми по завршениот Самит на ЕУ. Случувањата во земјава беа дел и од синоќешните централни изданија на вестите на грчките телевизии, но и на насловните страници на денешните изданија на весниците.

Медиумите во Грција ги пренесуваат изјавите на првите луѓе на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и на Европскиот совет, Доналд Туск и на шефот на француската држава Емануел Макрон, но и на претседателот Стево Пендаровски, информирајќи за вонредната лидерска средба закажана за в недела, а во текот на вчерашниот ден пишуваа и за наводна оставка на премиерот Зоран Заев.

Грчката телевизија „Антена“ коментира дека Франција ја блокираше европската перспектива на Северна Македонија, а државната телевизија ЕРТ, во прилогот во централното издание на вестите, коментираше дека постои разочараност во Северна Македонија.

„Европа им заврти грб на Скопје и Тирана. Зоран Заев и Еди Рама се враќаат со празни раце“, коментира телевизијата „Стар“, додавајќи дека блокадата од Макрон предизвикува разврска на Балканот.

Во текот на вчерашниот ден во грчките медиуми кружеше информацијата за наводна оставка на премиерот Заев. Дел од информативните портали во Грција се повикаа на веста објавена од италијанската новинска агенција АНСА, додека пак во централните вести на телевизиите, новинарите коментираа дека постојат шпекулации за оставка, но и демант од Владата на Северна Македонија.

„Според новинарски информации, Ангела Меркел му се јавила на Заев и побарала да не поднесува оставка, додека пак и други странски лидери го повикаа премиерот на соседната земја да продолжи по патот на реформите“, пишува „Катимерини“.

Паралелно медиумите во Грција ги пренесуваат и ставовите на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој на вчерашната прес-конференција од Брисел рече дека резултатот не е добар ни за Балканот, ни за Грција, говорејќи за проширувањето на Унијата, односно како што рече за прашањето „за кое за жал не успеавме да се договориме“.

Грција датум ЕУ медиуми преговори реакции Самит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.