НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Најн“ од Берлин за Париз: Меркел и Мас се дистанцираа од Макрон за НАТО

0
By Нова ТВ on November 10, 2019 СВЕТ
Фото: hln.be
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германската канцеларка Ангела Меркел и министерот за надворешни работи Хаико Мас повторно се дистанцираа од францускиот претседател Емануел Макрон, кој рече дека НАТО е во состојба на „мозочна смрт“.

„НАТО, Северноатлантската алијанса е столбот на нашата одбрана. Сепак, сè повеќе е јасно дека ние Европејците, членки на ЕУ кои се во НАТО, треба да преземеме поголема одговорност во иднина“, рече Меркел во емисијата посветена на 64. роденден на германската армија.

Меркел вечерва во Берлин ќе се сретне со Макрон, а на вечерата ќе присуствува и германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер. Таа истакна дека треба да се зајакне европската страна во НАТО.

„Поради тоа во ЕУ постои соработка во доменот на одбраната“, рече германската канцеларка.

Хаико Мас, во сличен тон, во колумна за весникот „Шпигел“ напиша дека Германија „сака и има потреба од НАТО“.

„Би било грешка да се дозволи НАТО да пропадне. Без САД, ниту Германија ниту Европа не се во состојба ефикасно да се бранат“, оцени тој.

Емануел Макрон ја разбранува јавноста кога во четвртокот оцени дека НАТО е во состојба на „мозочна смрт“ поради, меѓу другото, отсуството на координација меѓу САД и Турција, која, иако е членка на НАТО, неодамна самостојно воено интервенираше во Сирија.

„Мора да разјасниме кои се стратешките цели на НАТО“, рече француски претседател.

Меркел веднаш потоа изјави дека не ја дели „радикалната“ визија на Макрон.

Ангела Меркел Германија Емануел Макрон ЕУ НАТО Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.