Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Финците најзадоволни со квалитетот на живот во ЕУ, Хрватите и Бугарите најнезадоволни

0
By Нова ТВ on November 10, 2019 ВЕСТИ
Фото: qz.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 10, 2019 19:43

Хрватите спаѓаат меѓу најнезадоволните граѓани во ЕУ, покажуваат резултатите од ново истражување на евростатистичарите. Имено, со просечна општа оценка за квалитетот на животот од само 6,3 во 2018 година, Хрватите се позадоволни единствено од Бугарите кои квалитетот на живот го оцениле со просечна оценка 5,4. Просечната оценка за квалитетот на животот на граѓаните од ЕУ во 2018 година изнесувала 7,3.

Додека задоволството од квалитетот на животот во Бугарија минатата година се зголемило во однос на 2013 година, кога било оценето со 4,8, задоволството од животот во Хрватска во истиот период стагнирало, односно просечната оценка останала иста. Тренд на стагнација во оценката за квалитетот на животот во ЕУ во истиот период е забележан и во Белгија, чии граѓани се позадоволни со начинот на живот од Хрватите, оценувајќи го со 7,6, што е над просекот во Унијата.

Главна причина за незадоволство на Хрватите се финансиите. Според истражувањето, сопствената финансиска ситуација Хрватите ја оценуваат со просечна оценка 5,2, што е, исто така, една од најниските во Унијата. Помалку задоволни со својата финансиска ситуација во ЕУ се само Литванците и Бугарите.

Хрватите се наоѓаат при дното на листата и според оценката на лични односи, односно, квалитетот на односите со други луѓе. Истражувањето на Еуростат покажува дека просечната оценка што ја дале испитаниците во Хрватска минатата година била 7,5, што е под просекот на Унијата од 7,9. Со личните односи помалку незадоволни од Хрватите се само Грците и Бугарите.

Словенците спаѓаат меѓу позадоволните граѓани во ЕУ. Тие вкупниот квалитет на животот го оцениле со 7,3, што е на ниво на просекот на ЕУ.

На листата на задоволство од квалитетот на животот на прво место се наоѓаат Финците, со просечна оценка од 8,1. Според оптимизмот, следуваат Австријците, кои квалитетот на сопствениот живот минатата година го оцениле со просечна оценка 8,0.

Најзадоволни од личните финансии, според истражувањето на Евростат, се Данците и Финците, кои својата финансиска ситуација ја оцениле со 7,6.

Најголемо задоволство од личните односи изразиле граѓаните на Малта, на Австрија и на Словенија, кои оваа компонента на живот ја оцениле со просечна оценка 8,6.

Евростат живот истражување квалитет Финска Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.