Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тонски снимки: Со Мијалков расчистив, ако СДСМ и ВМРО не се смират ќе има крв до колена

0
By Нова ТВ on December 8, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: tech.ebu.ch
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 8, 2019 10:12

Ден по сведочењето во процесот „Рекет“ на анонимен канал на „Youtube“ се појавија кратки аудио записи на кои, како што се тврди од поголем број медиуми, е снимен гласот на Орце Камчев како зборува за семејството на премиерот Зоран Заев, но и за политиката на Христијан Мицкоски. Со оглед дека Камчев не демантираше во текот на целиот ден дека тоа не е негов глас, иако има навика секогаш експресно да демантира некои написи, каков што беше примерот пред неколку дена кога беше објавено дека полицијата му упаднала во фирмите, а тој извести дека го посетиле само двајца инспектори на МВР, извесно станува дека тој зборува на снимките.

Овие аудио записи не се дел од доказите во предметот „Рекет“, потврдила обвинителката Вилма Русковска за некои медиуми и најави истрага за снимките како и кој ги снимил и кој ги објавил. Ако се има предвид фактот дека Ел Чека од Америка во голем број наврати објавуваше снимени разговори, пред се, со челниците од ДУИ, а сè уште нема негова одговорност, прашање е дали за овој случај надлежните органи ќе откријат нешто повеќе.

Орце Камчев на соговорникот му потврдува дека расчистил во живoтот со Сашо Мијалков, но остава впечаток дека сега Заеви и Мицкоски му се проблематични. Од Зоран Заев се плаши да не го стави во затвор, а од Мицковски ако дошол на власт ќе имало крв до колена. Според тоа што може да се слушне на снимката, тој бара состанок со Вице Заев, братот на премиерот, а се заканува и дека ако не се заврши некоја договорена работа, ќе крварат сите.

„Имаш ли влијание кај нив, утре да се видиме, да се разбереме со Вице. Ќе крварат и они и ние. Крв ќе има. Дај да пробаме да направиме некакво смирување и нешто со ВМРО-ДПМНЕ. Oни двајца со некакви двајца медијатори, наши, странски, да се закопаат секирите сите, привидно да се глуми кавга. Oни ќе изгубат, кај и да е ВМРО ќе си дојде. Ако треба крв и крв”, зборува машкиот глас на објавената снимка.

А потоа продолжува:

„Ќе пуштам од Бугарија, ќе „бомбардирам“ (алудирајќи на прислушувани разговори) како Ким Јонг. Па, тепајте се во Македонија. И ќе иде се у п…у матер. И ќе дојде Мицкоски и што правиме после? – Треба крв до колена? – Не се научија дека 30 години најпаметни Љупчо и Бранко испаднаа и после седнаа се договорија, така беше?“

Кому му зборува Камчев, ако е тој на снимката, не е познато. Непознато е и дали е снимен преку телефонски разговор или во разговор на маса. Втората можна опција ја посочуваат некои од опозициските портали. Дури одат до таму дека снимката била направена во Банско, Бугарија, на состанок на кој присуствувале петмина. Наводно снимал еден бизнис партнер на Вице Заев.

Овие портали пишуваат дека објавеното аудио е извадено од контекст, односно не било целосно објавено, туку само исечоци за да се постигне одредена цел. Состанокот траел со часови, а во јавноста се пуштени седум снимки по десетина секунди. Како и да е, гласот од снимката зборува како да поседува нешто што би го симнало Заев од власт.

„Никој не знаеме кој што има од тоа време. Јас што имам, значи сакам да ги рушам Заеви. Значи јас, сега видов, јас ќе бев во затвор, тоа нема да се деси. Што треба да претендирам да станам премиер да го добијам тоа. Не ме интересира, остајте ме, не барам ништо, не барајте ништо“, се слуша на тонските снимки.

Ако е точна тезата на опозициските медиуми кои споделуваат детали за состанокот и наводното снимање тогаш овие тонски записи не се дел од скандалот со прислушувањето. Со оглед дека тие
објавуваат и конкретни имиња на лица присутни на состанокот тогаш им се олеснува
потрагата на надлежните институции.

Вилма Рускоска Зоран Заев Орце Камчев снимки Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.