Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Локвенец: Пpво обраќање на натпартиски претседател по десет години

0
By Нова ТВ on December 18, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 18, 2019 15:06

По десет години обраќања на еден партиски послушник како Ѓорге Иванов кој ги промовираше политиките на режимот и изолацијата, денеска бевме сведоци на обраќање на натпартискиот претседател, Стево Пендаровски, изјави пратеникот Хари Локвенец од СДСМ. Посочи дека може да се согласат за дел од работите спомнати во обраќањето на Пендаровски, кога претседателот вели дека има уште многу работа, особено имајќи го предвид кочењето на процесите од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во однос на помирувањето. Тој процес го иницираше премиерот Заев, започна овде во Собранието, се формираа и работни групи на оваа тема кои активно придонесуваат и на тој процес треба да му се даде целосна поддршка. За само две и пол години со речникот на претседателот за време на најбрзата обнова на институции во повоена Европа, СДСМ успеа да ја врати државата во нормала и да ја донесеме на прагот на членство во НАТО и отворањето на преговорите со ЕУ. Значењето на Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија за нас како држава и за нејзината иднина се исклучително важни. ЕУ и НАТО не се возможни без Договорот од Преспа, со кој државата излезе од децениска изолација и дојде на прагот на НАТО и ЕУ. Договор кој затвори 25-годишен спор и истовремено го зачува и обезбеди нашиот идентитет“, изјави Локвенец.

Нема компромис, подвлече тој, со криминалот и тоа е јасна позиција и на СДСМ.

„Нема таков суд, судија, обвинител што ќе го запре овој процес. На овој наш заеднички пат треба да ја завршиме борбата за правда. Како парламентарно мнозинство сакаме да гледаме сојузник во претседателот Пендаровски во нашата мисија да обезбедиме решенија што обезбедуваат подобар живот за сите и водат напред за правда и едно општество за сите“, изјави Локвенец.

Тој изрази надеж да продолжи тоа и по 12 април кога граѓаните ќе потврдат дека сме на прав пат и нема да дозволат да се врати режимот.

говор претседател реакција СДСМ Стево Пендаровски Хари Локвенец
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.