НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Парламентот на Ирак изгласа резолуција за заминување на војската на САД од земјата

0
By Нова ТВ on January 5, 2020 СВЕТ
Фото: fort-russ.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ирачкиот Парламент го поддржа барањето за напуштање на американските трупи од земјата. Резолуцијата што е окарактеризирана како историска е донесена на попладневната вонредна седница која е закажана по убиството на иранскиот генерал, Касем Сулејмани.

„Со мнозинство на гласови на вонредна седница е поддржано барањето за напуштање на американските воени трупи и на останатите странски сили на Ирак“, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

На собраниската седница што е во тек, пренесува агенцијата, присуствува и ирачкиот премиер Абел Абдул Махди кој ја иницира резолуцијата. Во соопштението на Парламентот се наведува дека ирачката Влада е должна да го спроведе барањето. Шиитските пратеници по гласањето извикуваа „Стоп САД“ и „Окупаторе, губи се“.

„И покрај внатрешните и надворешните потешкотии со кои се соочуваме, ова е најдобра одлука за Ирак“, рекол Махди.

Ирачкиот шиитски свештеник, Моктада ал-Садр, изјави дека собраниската резолуција со која се повикува Владата да го прекине присуството на странски сили во земјата е доволна и ги повика локалните и странските групи на обединување во, како што рече, „Легија на меѓународен отпор“.

„Сметам дека ова е слаб и недоволен одговор на американското кршење на ирачкиот суверенитет и регионалната ескалација“, наведе Садр.

Тој притоа повика на раскинување на безбедносниот договор со САД, затворање на американската амбасада во Багдад, протерување на американските трупи на понижувачки начин и на криминализација на комуникацијата со американската Влада.

Ваквата одлука на ирачкиот Парламент доаѓа по убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани кој настрада во воздужен напад на американските сили. Посмртните останки на влијателното воено лице денеска беа пренесени во Иран каде се насобраа голем број на граѓани.

Ирак Касем Сулејмани парламент резолуција САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.