Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албанскиот парламент даде зелено светло за Македонски културен центар во Тирана

0
By Нова ТВ on February 4, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 4, 2020 11:17

Албанскиот парламент ја ратификува Спогодбата за отворање македонски културно – информативен центар во Тирана со 96 гласа „за“, 2 „против“ и 2 „воздржани“. На седницата, за значењето на центрите кои ќе се отворат во Тирана и во Скопје, зборуваше Васил Стерјовски, пратеник од партијата Македонска алијанса за европска интеграција, кој од име на партијата и од сите Македонци во Албанија ја изнесе целосната подршка за отворање вакви центри.

„Отворањето на овие културно-информативни центри во Тирана и Скопје ќе ги интензивира културните односи меѓу двете земји, ќе го зајакне понатамошниот развој на односите меѓу Албанија и Македонија, ќе се развие и зајакне меѓукултурната соработка и ќе се создадат услови за уметници од двете држави да ја претстават својата работа во двете држави“, рече Стерјовски.

Културно-информативни центри ќе ја шират и презентираат албанската култура во Македонија и македонската култура во Албанија преку организирање разни настани, изложби, литературни и научни предавања, филмски проекции, промоција во медиумите и обезбедување информативни услуги за заинтересираните граѓани на двете страни.

„Интересот на нашата земја е да ги интензивира добрососедските односи со Република Македонија на реципрочна основа во политики, економски и културен план како и во областа на заштитата на албанската заедница во Македонија и македонската заедница во Албанија. Македонците во Албанија и Албанците во Македонија се мост на соработка и братство во албанско-македонските односи, врз основните принципи на меѓународното право засновано на еднаква сувереност“, посочи Стерјовски, нагласувајќи дека Албанија и Македонија заедно се движат по европскиот пат и оти голема е надежта дека во март оваа година и двете држави ќе започнат преговори за членство во ЕУ.

Договорот за отворање на културно-информативен центар беше потпишан минатата година. Македонија уште пред десет месеци го ратификува овој договор и назначи и директор на културно-информативниот центар во Тирана, додека Албанија го одложуваше ратификувањето на овој договор без никакво оправдување. Работите околу ова прашање се поместија од статус кво состојбата откако прашањето на пленарна седница во албанскиот парламент го изнесе пратеникот Стерјовски, кој на двапати и писмено преку парламенотот побара од Владата да ја достават Спогодбата за ратификација.

И македонското друштво „Илинден“-Тирана, реагираше околу ова прашање и го искажа незадоволството поради нератификацијата на договорот. Директор на македонскиот КИЦ во Тирана, Златко Ориѓански, исто така реагираше на бавноста на албанскиот парламент за ратификацијата на договорот.

Албанија македонски културен центар парламент ратификација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.