НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Маричиќ: Датум заслуживме, одговорноста е на ЕУ

0
By Нова ТВ on February 16, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ако го донесеме законот за јавно обвинителство, ќе испратиме одлична вест и одличен сигнал дека Република Северна Македонија може и во ваков предизборен период да носи тешки одлуки доколку се работи за иднината на државата во ЕУ, смета Бојан Маричиќ, националниот координатор за европски прашања во Владата.

Тој во неделното интервју за Радио Слободна Европа вели и дека земјава ги исполнила условите за преговори. Сега останува на одговорноста на ЕУ да донесе одлука. Треба да сме претпазливи и внимателни и не треба да даваме никакви конкретни прогнозирања поврзани со датуми, оценува Маричиќ, бидејќи, како што вели, во минатото тоа не функционираше.

„Ние сме подготвени за преговори, ги исполнивме сите услови и сметаме дека заслуживме уште во октомври да добиеме одлука за почеток на преговори. Затоа ни е важно таа одлука за почеток на преговори граѓаните да ја добијат што поскоро, за тие да добијат вистински сигнал од ЕУ дека сите тешки одлуки во изминатиот период и дека сите тешки реформи навистина вредеа. Тоа би била вистинска порака кон граѓаните, не кон која било политичка опција. Дали тоа ќе биде во март, за жал, не зависи од нас како држава. Во заклучоците на Европската унија од октомврискиот совет пишува дека до Самиот во мај ќе се навратат на ова прашање. Единствена шанса до тогаш е Советот во март, така што останува на нив и нивната одговорност да донесат одлука“, вели Маричиќ.

На прашањето дали новата методологија ќе го отежни или олесни процесот на преговори со ЕУ, Маричиќ одговара дека е тешко однапред да се каже каква ќе биде нејзината крајна улога или крајна цел.

„Иницијалната цел на оваа методологија е таа да го олесни и забрза процесот на проширување и да го направи посуштински и пополитички. Тоа значи дека бирократијата ќе има улога, меѓутоа политичките фактори во европските институции, особено државите членки би требало да имаат поголема улога од онаа што ја имаа до сега. Исто така групирањето на политиките, односно на поглавјата во неколку кластери, значи групирање на темите по коишто ќе се разговара, но и нивно меѓусебно поврзување. Очекувам овој процес да ја одблокира сегашната ситуација, која што е неиздржлива за сите и за државите кандидатки и за државите членки и за европските институции“, истакнува владиниот национален координатор за европски прашања.

Според него, законот за јавно обвинителство никогаш не бил поставен како услов за почеток на преговорите со ЕУ, во ниту еден реформски план, но секој чекор што го прави земјава е во насока на зајакнување на правната држава и владеење на правото и помага.

„Неколку пати беше спомнат од пријателски држави, земји-членки на Унијата во смисла на продолжување на борбата против корупцијата и организираниот криминал и продолжување на случаите на СЈО пред Суд. Беше значаен и во таа смисла беа очекувањата. Не верувам дека зависи одлуката од овој закон, но ќе биде одлична вест и одличен сигнал дека Република Северна Македонија може и во ваков предизборен период да носи тешки одлуки доколку се работи за иднината на државата во ЕУ, потенцира Маричиќ.

Бојан Маричиќ датум ЕУ Македонија преговори членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.