НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Да нема собири, контакти со изолирани лица и паника

0
By Нова ТВ on March 14, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Состојбата во општините Дебар и Центар Жупа, за кои е прогласена кризна состојба поради коронавирусот, ноќеска и претпладнево е мирна, без никакви инциденти и движење на населението. Преземени се сите мерки и активности за справување со ширењето на болеста, а сите институции и експери ангажирани за спроведување на акцискиот план за имплементација на одлуката за кризна состојба се излезени на терен, соопшти премиерот Оливер Спасовски на прес-конференција во Владата.

Тој ги повика граѓаните на двете општини да продолжат на таков начин да даваат придонес за спроведување на сите мерки. Формиран е Главен оперативен штаб за кризни состојби што ќе раководи со активностите со единствена цел справување со вирусот Ковид-19.

Спасовски посочи дека целите на акцискиот план се контрола и забавување на инфекцијата, заштита на здравјето и живот на граѓаните, материјалните добра и животната средина, зајакнување на обезбедувањето на државната граница и контрола на лица кои доаѓаат од ризичните земји, вклучување и координација на надлежните институции, поголемо ниво на безбедност на патниот и товарниот сообраќај.

За спроведување на активностите задолжени се повеќе институции на државно и на локално ниво, како Министерството за здравство, МВР, општините Дебар и Центар Жупа, Армијата, ЦУК, ДЗС.

Во Дебар и Центар Жупа во сила е забрана за излегување, освен во животно загрозувачка состојба и тоа со возило на брза помош и со дозвола од Министерсtвото за здравство. Воспоставен е режим на контрола на сообраќајот, дезинфекција на зафатеното подрачја, транспорт на неопходните намирници, енергенси и други потреби на граѓаните, а ќе бидат утврдени други мерки.

„Најважно да е почитуваат мерките, забраната на собири, домашна изoлaција и контакти со заболени или изолирани лица“, истакна Спасовски.

На граѓаните на Дебар и Центар Жупа им порача да бидат уверени дека ова најдоброто решение што набргу ќе даде резултати. Ги замоли да нема поголема паника бидејќи е воспоставен организиран институционален систем кој води сметка за секој грѓанин.

„Во соработка со локалната самоуправа ќе бидат обезбедени сите најдобри здравствени мерки, како и услови за живот во кризни сосотојби. Ќе се обезбедат услови да функционираат производствените капацитети за храна, бензински пумпи, болници. Банките и комуналните служби и поштата ќе работат со скратено работно време“, истакна Спасовски.

Уште еднаш апелира да се почитуваат препораките и мерките, да се следат информациите од официјални канали на комуникација и од институции.

Има добро поставен систем кој може да се справи со оваа ситуација, подвлече Спасовски.

Повика на одговорно однесување на секој поединец, зашто не е време за политичко профитерство на сметка на загрижените граѓани, сите да ги почитуваа препораките и воспоставениот систем, бидејќи, како што нагласи, со тоа најефиканско ќе биде надмината сегашната сотојба.

Дебар Карантин Коронавирус Оливер Спасовски прес конференција Центар Жупа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.