НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пред Европскиот совет: Консензус за преговори со С. Македонија и Албанија за членство во ЕУ

0
By Нова ТВ on March 23, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На подготвителниот состанок за Советот на министри во Брисел е постигнат консензус за одобрување на почеток на преговори со Македонија и со Албанија за членство во Европската Унија (ЕУ). Ваквата одлука треба и формално да биде одобрена од Европскиот совет кон крајот на неделата за што повеќе информации ќе бидат објавени во текот на денот.

Текстот со заклучоците кои може да претрпат мали промени по утрешниот министерски состанок гласи – „откако го разгледа извештајот на Европската Комисија за напредокот на Северна Македонија од 2 март 2020 година, Советот го поздравува тоа што земјата покажа одлучност во напредокот на ЕУ агендата и испорача опипливи и одржливи резултати“.

„Со оглед на остварениот напредок и исполнувањето на условите поставени едногласно од Советот во јуни во 2018 година, Советот одлучува да отвори преговори со Република Северна Македонија“, се вели во текстот.

Одлуката треба да биде политички потврдена на Европскиот Совет в четврток. Нацрт заклучокот предвидува првата меѓувладина конференција да се одржи „што е можно поскоро“, но засега нема прецизирано датум. 

Советот нотира дека Европската Комисија веднаш ќе започне со подготвителна работа, што подразбира поставување на преговарачка рамка. Сличен заклучок има и за Албанија, но со неколку услови повеќе за одржувањето на првата меѓувладина конференција.

Министрите утре најверојатно ќе одржат видео-конференција поради пандемијата на Ковид-19, процедурално тоа може да го забави конечното носење на одлуката. 

Ова пред неколку дена го најави и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи кој во таа прилика рече дека е „постигнат консензус во Европската Унија (ЕУ) за донесување на одлука за почеток на преговори со Република Северна Македонија, истата е безусловна и со барање за одржување на првата меѓувладина конференција веднаш по одобрување на преговарачакта рамка“.

За денеска во Брисел е закажан состанок на Советот за надворешни работи, утре ќе заседава Советот за општи работи додека 26 и 27 март се резервирани за седница на Европскиот совет на која треба да биде официјализирана одлуката за отпочнување на процесот на преговори со С. Македонија и Албанија за членство во (ЕУ).

Ројтерс: ЕУ ќе започне преговори со Северна Македонија и Албанија неделава

Агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на свои извори, пишува дека во последниот нацрт заклучок се носи едногласна одлука за почеток на преговорите за членство со Скопје и Тирана.

„ЕУ ќе започне пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија, според нацрт едногласна одлука на 27-те земји членки и треба да биде финализирана оваа недела“, пишува Ројтерс.

Европски Совет ЕУ Македонија одлука преговори Совет на министри членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.