НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Имаме драстичен пад на приходите, товар треба да понесат најбогатите

0
By Нова ТВ on March 25, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најбогатите во државата треба да понесат најголем дел од товарот на економската криза што е последица на коронавирусот, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев во денешното гостување на „Утрински брифинг“ во „Слободна ТВ“.

„Државата е во драстичен пад на приходите кои на почетокот на април се очекува да бидат меѓу 30 до 40 отсто. Граѓаните се дома и не трошат, не работат објектите, транспортот е преполовен, не се движиме, не се плаќаат ниту сметки. Голем дел на производствените капацитети се затворени или хибернираат, затоа не се плаќа и данок кон државата. И ако за тоа не го подготвиме нашиот народ, тогаш сме голи популисти и само бркаме политички поени. Кратењето мора да се случува од секаде затоа што 60 отсто помалку приход значи недостаток за финансирање на сите расходи. И да најдеме други пари, пак мора да кратиме од дома. И да се шири гол популизам не е во ред. Големите земји ги земаа парите и сега има се помалку пари, но се надевам дека ќе најдеме евтини пари и треба чесно да кажеме дека мора да кратиме. Колку побрзо носиме храбри одлуки за солидарност, толку побрзо ќе излеземе од тешката економска криза“, изјави Заев.

Тој се осврна и на предлогот на СДСМ за кратење на платите што, како што рече, бил погрешно сфатен и изваден од контекст. Притоа истакна дека тоа е само предлог што не значи дека ќе биде прифатен од Владата.

„Владата треба да ги слушне мислењата на сите партии и на експертите. Излегов да соопштам мерки кои значат и мерки за штедење и не очекувам да бидат сите прифатени. Предложените мерките произлегоа по консултации со многу експерти, но одлуката е на Владата. И ние се бориме на пазарот на гласови, но кога доаѓа тешко време некој треба да соопшти и непопуларни мерки. Жалам што дебатата се насочи кон намалувањето на платите на администрацијата. Главниот пакет беше како да и се помогне на економијата. Самиот пакет на мерки се основа на кратењето на непродуктивните трошоци на Владата. Првиот чекор е кратењето на непродуктивните трошења, вториот е заштеда преку огромните трошоци кои одат на плата“, вели лидерот на СДСМ.

Заев зборуваше и за 29 годишниот пат на државата кон Европската Унија и НАТО. Ако беше лесно, рече тој, во изминатиот период се ќе беше решено, но проблемот беше горчлив и бараше решение.

„Со решавањето на проблемот со Грција го сочувавме македонскиот идентитет, македонскиот јазик, сега сме признаени од сите. Не беше лесно, пратениците што гласаа беа изложени на силен притисок и затоа денеска треба да се радуваме на плодовите од тоа семе што го посадивме. Двете најголеми стратешки цели на државата, НАТО и ЕУ ги исполни овој парламентарен состав, оваа Влада и верувам дека тоа го заслуживме“, изјави претседателот на СДСМ.

Тој порача дека Европа, конечно, ја исправи својата историска грешка и големата неправда кон нас.

„Сега, едногласно, во време на тешка здравствена криза, канцеларии под изолации, премиери во изолации во такви околности министерскиот Совет се собра, ја донесе одлуката јас верувам дека ќе биде верификувана и од Европскиот совет и дека наскоро ќе се одржи првата меѓувладина седница“, порача Заев.

Лидерот на СДСМ упати честитка до граѓаните и до сите институции кои покажаа доблест за две и пол години да ги спроведат реформите и светот тоа да го препознае и да станеме полноправна членка на НАТО и да добиеме безусловен почеток на преговорите со ЕУ.

„Одлуката на Советот за општи работи на ЕУ за безусловно почнување на преговори доаѓа во тешка состојба, но треба да се радуваме, зашто и радоста е лек. Обезбедивме извесност и иднина за нашата земја и за нашите деца, носејќи тешки и храбри одлуки“, истакна Заев.

Жалам, рече тој, што опозицијата не се израдува и не излезе да го честита почетокот на преговорите со ЕУ.

„Ова е борба што ја воделе сите генерации граѓани, сите политичари, сите влади. Ова е процес кој почна со потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ, па потоа продолжи кога добивме кандидтатски статус во 2005 година и сега ја дочекавме одлуката за почеток на преговорите. Искрено, очекував и опозицијата да се израдува и да честита“, рече Заев.

Меѓу другото, тој изрази надеж дека до 2024 година, 80 отсто од поглавјата со Европската Унија ќе бидат отворени, а голем дел од нив и затворени, за што побара поддршка за искористување на сите ресурси кои ги има државата но и носење на храбри одлуки.

ЕУ Зоран Заев Македонија НАТО преговори членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.