Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Какви приказни се кријат зад бројките на МВР?

0
By Нова ТВ on April 30, 2020 ВЕСТИ
Фото: telma.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 30, 2020 10:05

Маж на возраст од 40 години вчера ја убил неговата сопруга во семејниот дом во Арачиново. Полицијата ги истражува мотивите за убиството. Ова е само еден од случаите кои го отвораат прашањето дали и колку се зголемени случаите на семејно насилство, убиства, самоубиства и обиди за самоубиства, и дали тие би можеле да се доведат во корелација со растројства предизвикани од рестриктивните мерки воведени заради корона-кризата.

„Дојче веле“ ги побара од Министерството за внатрешни работи (МВР) споредбените податоци за случаи на семејно насилство, самоубиства и обиди за тоа од истиот период лани и годинава. Според статистиката на МВР, во периодот од 12 март до 12 април 2020 година, се евидентирани 79 кривични дела за сторено семејно насилство.

Во истиот период лани биле евидентирани 109 такви дела, односно 28 отсто повеќе отколку годинава. Ако се разгледуваат одделно седмичните извештаи во посочениот период, може да се забележи дека само во првата седмица од април годинава случаите на семејно насилство биле во благ пораст, а во другите седмици – во стагнација.

Анализа на секој случај

Според експертите, од ова не може да се извлече генерален заклучок дека во март/април годинава опаѓа бројката на случаи на семејно насилство во споредба со истиот период лани, бидејќи станува збор за пријавени и евидентирани случаи. Комплетната слика може да се утврди само доколку се открие и т.н. сива бројка што ја сочинуваат случаи кога жртвите решаваат да не го пријават семејното насилството заради срам од околината, стигматизација, од егзистенцијални и други причини. На истите аспекти укажува и дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска.

„Секако дека оваа состојба не треба да се земе како тренд, затоа што треба да се има предвид дека токму во овој период граѓаните и институциите во нашата држава за првпат се соочија со пандемија од ваков вид и размер, но и мора да се потенцира дека ова се кривични дела кои се пријавени во МВР. Свесни сме дека ограничувањето на движењето на граѓаните во одреден временски период во текот на едно деноноќие можеше да предизвика чувство на заробеност или немоќ кај потенцијалните жртви од семејно насилство. Токму затоа, и покрај рестриктивните мерки и неопходните дозволи за движење во периодот на т.н. „полициски час“ упативме порака до граѓаните – доколку се жртви на семејно насилство слободно може да го напуштат домот или објектот во кој се наоѓаат и ако претходно немале можност да се јават на 192, тоа да го направат во најблиската полициска станица. Секако доколку во меѓувреме бидат сопрени од полициска патрола, полициските службеници ќе им помогнат во нивната заштита“, објаснува Петровска за ДВ.

Фото: civilmedia.mk

Според неа, за прецизна анализа ќе треба да помине извесен период, во кој ќе се анализира како и под кои околности се случило семејното насилство.

„За да се доведе евентуалното зголемување на бројот на кривични дела од семејно насилство во релација со рестриктивните мерки за ковид-19, во иднина ќе мора да се примени индивидуална студија на секој случај поединечно, со цел да се утврди дали кривичното дело се случува за првпат и под кои околности и причини е сторено. Ваквиот пристап ќе мора да се примени и за случаите во кои е извршено самоубиство или обид за самоубиство, за да може да се имаат предвид точните причини за сторување на овие дела. Оваа анализа ќе помогне во креирањето на заштитни механизми кои институциите мора постојано да ги надградуваат“, укажува Петровска.

Иста бројка на самоубиства

Според податоците на МВР, нема разлика во бројот на самоубиства во споредуваниот период лани и годинава. Во периодот од 12 март до 12 април оваа година имало четири самоубиства, а исто толку имало и во истиот период лани. Минатата година во споредбениот период имало 15 обиди за самоубиство, а годинава 13. Но, и во овој случај бројките не говорат повеќе од она што треба да го утврдат стручните лица: дали ова е последица на растројства предизвикани од карантински услови и други ограничувања или е резултат на причини кои не се поврзани со актуелната состојба. За да се утврди тоа, потребно е да се направи увид во профилот на лицето што посегнало или се обидело да посегне по сопствениот живот, дали и претходно имало самоубиствени намери и што точно влијаело на тоа.

Според експерти со кои разговараше ДВ, одговорите на прашањата за порастот на случаи на семејно насилство и самоубиства бараат обемна анализа, голем број интерсекциски податоци, но и временска дистанца, особено што многу од овие дела не се случуваат сега/веднаш, туку по извесен период, кога латентното незадоволство ќе се наталожи во мера за која лицето смета дека за него е неподнослива. Тоа значи дека токму во претстојниот период ќе биде многу значајна психолошката поддршка на ризични лица во оваа смисла, за навреме да се превенираат вакви случаи.

Граѓаните покажаа дисциплина

Податоците на МВР откриваат и како граѓаните се однесувале кон мерките за ограничување на движењето. Според податоците за пријавени прекршители на таа мерка, од почетокот на рестрикциите до крајот на анализираниот период, таа бројка двојно се намалила. Таков тренд откриваат податоците за периодот од 23 март до 28 април годинава. Ако во првата седмица (23 март до 29 март) забраната за движење ја прекршиле 1.017 лица, во следната седмица (30 март до 5 април) ограничувањата не ги почитувале речиси двојно помалку – 533 лица. Од 6 април до 12 април забраната ја прекршиле 654 граѓани, од 13 април до 20 април бројката пораснала на 679 лица, а од 21 април до 28 април се намалила на 446.

„Граѓаните, генерално, покажаа дисциплина. Иако во одреден период мерките беа исклучително рестриктивни, тие се почитуваат, затоа што зачувувањето на јавното здравје и доброто на сите нас се смета за заеднички приоритет. Секако, бројот на поднесени кривични пријави покажува дека некои од граѓаните од неоправдани причини не ја почитувале забраната за движење или пак не го почитувале решението на државен орган со кој им е изречена мерка изолација. И токму затоа против нив се поднесени кривични пријави. Од дисциплината на секој од нас, зависи општото добро и јавното здравје“, потенцира дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи.

Бројки Ковид-19 Македонија МВР мерки полициски час рестрикции Самоубиства Убиства
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 26, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

ВЕСТИ April 26, 2026

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец…

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.