НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловска: Наплатата на приходите во април за 1,4 милијарди денари повеќе од проекциите

0
By Нова ТВ on May 4, 2020 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Економската активност во државава ќе се намали за 3,4 проценти како последица на кризата со ковид -19, а стапката на инфлација ќе има надолна ревизија и ќе изнесува 0,2 проценти. Официјалната проекција за забавувањето на економијата на Министерството за финансии што беше претставена денеска се базира на предвидувања за пад на извозната компонета од 16,8 проценти, на приватната потрошувачка за 3,3 проценти, а на бруто инвестициите за 9,6 проценти на реална основа. Позитивен придонес се очекува од јавната потрошувачка за која се проектира раст од 2,7 проценти, а увозот на стоки и услуги ќе забалежи пад од 15,8 проценти на реална основа.

Министерката за финансии Нина Ангеловска на прес-конференција оцени дека „засега работите се одвиваат подобро од очекувањата со попретпазливото сценарио на овој ресор за справување со кризата“.

„Засега работите се одвиваат нешто подобро од проектираното сценарио од страна на Министерството за финансии што е добар знак. Секако, подготвени сме да одговориме и на најлошото сценарио, но треба да ја имаме предвид и непредвидливоста на ова криза, па важно е да бидеме подготвени за секое сценарио и во секој момент да одговориме со цел да ги амортизираме ударите врз економијата и да помогнеме и на приватниот сектор и на граѓаните да го поминат со што помалку последици“, рече Ангеловска.

Реализацијата на Буџетот што ја претстави Ангеловска покажува дека во април годинава се остварени буџетски приходи од 14,2 милијарди денари, што претставува пад од 20 отсто во споредба со истиот месец лани. Даночните приходи во април, пак, изнесуваат 7,2 милијарди денари и се намалени за 31 процент споредено со април лани, а се реализирани придонеси од 5,5 милијарди денари, на исто ниво со ланскиот период. Реализиацијата на другите буџетски приходи (неданочни, капитални и донации) изнесува околу 1,5 милијарди денари и кај нив има пад од 20 проценти на годишна основа.

„Основното сценарио на Министерството за финансии предвидува забавување на економската активност за -3,4 проценти со тоа што ефектите од корона-кризата врз економијата се очекува да бидат најголеми во второто тримесечје, во третото се очекува забавување на контракцијата, додека во четвртото закрепнување на економијата и раст, рече Ангеловска.

Согласно проекциите за глобален раст, како и проекциите на нашите трговски партнери, надворешната побарувачка ќе паѓа. Тоа, појасни Ангеловска, ќе влијае на извозната компонента за која се проектира пад од 16,8 проценти на реална основа.

Како што укажа, здравствените мерки веќе влијаат и ќе влијаат на услужниот сектор, транспортот, угостителството, туризмот, дејноста „уметност, забава и рекреација“, прометот на трајни добра, но и врз дел од индустриските капацитети и градежната дејност, пред сè, во вториот квартал.  Тоа ќе влијае врз потрошувачката и инвестициите, а сето тоа ќе се одрази и на побарувачката.

Исто така, и падот на дознаките од странство и на странските директни инвестиции ќе влијаат кон дополнително надолно прилагодување на потрошувачката и инвестициите. Олеснителна околност, смета Ангеловска, ќе бидат антикризните мерки, кои ќе придонесат кон ублажување на последиците врз пазарот на работна сила и доходот на домаќинствата, а со тоа и врз нивната потрошувачка. Како резултат на сето ова, приватната потрошувачка се очекува да се намали за 3,3 проценти, а бруто-инвестициите за 9,6 проценти на реална основа.

Со оглед на рестриктивните мерки за заштита на здравјето на граѓаните, како што укажа, и запирањето на економските активности или отежнувањето на некои синџири на набавка, падот на приходната страна е очекуван.

„Сепак, во основното сценарио на Министерството за финансии, таканереченото поповолно сценарио проектираниот пад за април е повисок, односно 40 проценти на даночните приходи. Ова значи дека имаме подобра наплата за 1,4 милијарди денари во однос на корона-проекциите за април, односно нашето разработено сценарио може да се каже дека било поконзервативно или претпазливо“, потенцираше Ангеловска.

Остварените приходи по основ на ДДВ се помали за -43,5 проценти што,  според ресорната министерка, е очекувано со оглед и на рестриктивните мерки за заштита на здравјето на граѓаните кои беа во сила цел април. Персоналниот данок на доход забележа пад од -11,7 проценти, данокот на добивка забележа раст од 3,6 проценти, акцизите пад од 40 проценти, наплатата на царините е помала за 26 проценти.

Најголемо натфрлање, информира министерката, има кај данокот на добивка. Од вкупно наплатените приходи од данок на добивка во април кои изнесуваат 1,43 милијарди денари, 790 милиони денари се од уплатен данок на добивка по годишен биланс што, рече Ангеловска, е позитивен податок кој говори за успешните резултати на компаниите остварени минатата година.

Вкупните приходи се реализирани во износ  од 27 проценти согласно планот, додека вкупните расходи 30,4 проценти. Расходната страна е повисока за седум проценти од почетокот на годината заклучно со април, при што кај реализацијата на капитални расходи има раст од 21 проценти во однос на лани.

Стапката на инфлација во земјата во првиот квартал од 2020 година изнесува 0,6 проценти, што упатува на одредено надолно отстапување во однос на проекцијата.

„Проекцијата за странската ефективна инфлација во 2020 година е ревидирана во надолна насока. Истовремено, ценовните движења на светските берзи, т.е. увезените цени се очекува да предизвикаат надолен притисок врз домашните цени. Имајќи го ова предвид, како и очекуваниот негативен производен јаз, стапката на инфлација во земјата за 2020 година е проектирана на – 0,2 проценти“, наведе министерката.

На крајот на април, Светската банка проектираше забавување на економската активност на земјава меѓу – 1,4 до – 3,2 проценти од БДП. Анализата укажа дека рецесијата нема да одмине ниту една држава во регионот на Западен Балкан, додека Македонија ќе претрпи најмала штета.

економија Коронавирус Нина Ангеловска приходи Финансии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.