Министерството за внатрешни работи (МВР) веднаш да го испита случајот со одржувањето на верскиот настан во текот на вчерашниот ден во Струга, се вели во владиното соопштение по 50. одржана седница.
Но, тоа не е единствена „домашна задача“ за МВР од чии тела се бара и утврдување на одговорност и преземање на соодветни мерки кон одговорните лица за сериозно непочитување и прекршување на воведените забрани од страна на Владата за време на прославата на Денот на полицијата – 7 мај.
Владата го осуди и вербалниот напад врз новинарот на ТВ Клан на настанот со кој се одбележуваше Денот на полицијата и побара да се поведе постапка за утврдување одговорност за ваквото однесување и да се санкционират сторителите.