НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски за „27 април“: Вељаноски не прифати расправа за избор на претседател на Собрание

0
By Нова ТВ on May 13, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Трајко Вељаноски не прифати промена на дневниот ред и да се мине на точката за избор на претседател, изјави премиерот Оливер Спасовски, кој сведочеше на денешното рочиште за „организаторите на насилствата од 27 април во Собранието“.

Претседателот на техничката Влада на почетокот на сведочењето рече дека во периодот јануари-јуни во 2017 година бил пратеник во Собранието и технички секретар на СДСМ.

„Предложив на тогашниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски да се промени дневниот ред и да се мине на точката за избор на претседател, но тоа не беше прифатено“, изјави Спасовски.

Нагласи дека за предлогот имал поддршка од над десет пратеници, а претседателот на Собранието, по Деловник морал да го стави таквиот предлог на гласање. На прашање од обвинителката Вилма Русковска, какви акции преземала партијата во овој период, Спасовски рече дека кога започнале насилствата во Собранието пред седиштето на СДСМ се собрала поголема група граѓани.

„Единствено нешто што преземавме јас и претседателот на партијата е дека не дозволивме насобраните луѓе да одат кон Собрание за да не се направи уште поголем проблем“, изјави Спасовски.

Тој нагласи дека партиите функционираат хиерархиски, па не може барем во неговата партија да не се знае нешто што се презема. На прашање од обвинетиот Трајко Вељаноски, дали имало координација на 27 април за прашањето за промена на дневниот ред, Спасовски, рече дека се разговарало на координација за истото прашање и дека и тогаш одбил, но дека предлогот го поднел и на седница.

„Координацијата е ирелевантна, за прашањето на седница се изјаснува со гласање, изјави Спасовски.

Судскиот процес го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Обвинети во предметот се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Според ОЈО, осомничените на почетокот на 2017 година подготвиле и реализирале план со намера да оневозможат мирно примопредавање на власта. За таа цел, ги организирале и материјално ги поддржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија (ДИК), а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ кои кулминираа со насилното влегување во Собранието на 27 април.

„Осомничените, како организатори, ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта и овозможиле континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите. Со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста, критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучиле патриотски здруженија и ангажирале лица за извршување на насилство. Воедно од седиштето на политичка партија континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови. Во исто време, еден од осомничените со возило, сопственост на Управата за безбедност и контраразузнавање, донел огнено оружје и панцирни елеци пред Собранието на Република Македонија што биле наменети за лица кои протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Со овие активности осомничените предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните“, се наведува во обвинението од ОЈО.

Во истрагата беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон.

27.април Избор Кривичен суд Оливер Спасовски претседател сведочење Собрание Трајко Вељаноски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.