НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата одлучи да издаде еврообврзница со максимален износ од 800 милиони евра

0
By Нова ТВ on May 15, 2020 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата на вчерашната седница усвои Одлука за максимален износ на ново задолжување преку издавање државни хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал во износ од 800 милиони евра. Со тоа ќе се обезбедат финансиски средства за буџетска поддршка на Република Северна Македонија во 2020 година и во 2021 година, но и за рефинансирање на обврските кои достасуваат по основ на отплата на државниот долг.

„Имајќи ги предвид сите предизвици што произлегоа по прогласената пандемија на ковид-19 од Светската здравствена организација, мерките за заштита и рестрикција на движење кои ги преземаат државите, а особено нејзиното влијание на пазарите на капитал, Министерството за финансии предложи, а Владата прифати, финансирање со издавање на еврообврзници, кои ќе ја поддржат ликвидноста на државата во време на пандемија, намалена економска активност, преземени мерки за заштита на економијата и работните места на граѓаните, како и зголемените трошоци во секторот здравство“, наведуваат во соопштението на владината прес-служба.

Владиниот кабинет синоќа го усвои и ребалансот на Буџетот за 2020 година, се вели во дописот и се додава дека деталите ќе бидат презентирани на прес-конференција во текот на денешниот ден.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од назначување агент за процесни услуги на Република Северна Македонија претставувана од Министерството за финансии во процесот на издавање на еврообврзница на меѓународниот пазар на капитал. За таа цел го задолжи Министерството за надворешни работи преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Лондон да ја преземе функцијата на агент за процесни услуги во име на Република Северна Македонија претставувана од Министерството за финансии.

буџет Влада еврообврзница ребаланс седница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.