Европската Комисија (ЕК) одблиску ги следи разговорите меѓу политичките партии за одредување датум за парламентарните избори, јави дописничката на МИА од Брисел.
„Одблиску го следиме разговорите во Скопје меѓу политичките лидери. Разговорите треба да продолжат за земјата да може да организира избори и да се справи целосно со последиците од кризата со ковид-19“, рече на прашање на МИА, портпаролката на Европската Комисија за проширување, Ана Писонеро.
Извори во инситуциите на ЕУ велат дека неизвесноста околу изборите би можела да влијае и врз објавувањето на преговарачката рамка која официјално се очекува во текот на идниот месец. Овие документи би можеле да се одложат до септември, посебно доколку има било каков застој во Скопје и во Тирана.
Според повеќе дипломатски извори, сè поизвесно станува и дека редовните извештаи за напредокот на земјите од регионот ќе бидат одложени за наесен, иако официјална потврда ЕК засега одбива да даде. Останува прашањето дали преговарачките рамки за Албанија и за Македонија сепак би биле објавени во јуни. Извештаите и рамките не мора да бидат објавени во исто време.