НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Утрово го посетив Иван, тој е буден и добро се чувствува

0
By Нова ТВ on May 24, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: facebook
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Министерот за здравство утрово беше во посета на Иван Огненовски, првиот пациент со трансплантирано срце од починат дарител во Македонија. Го затекнал буден и во добро расположение. Веста и импресиите ги сподели на својот Фејсбук профил на кој постира и фотографија со дозвола на Огненовски за кого вели дека добро се чувствува.
„Утрово го посетив Иван. Тој е буден и се чувствува добро. Изрази огромна благодарност до семејството Диневи, докторите и целата јавност за поддршката што ја добива. По успешната операција следува најважниот период од неговото закрепнување, периодот во кој телото на Иван треба да го прифати новиот орган. Докторите максимално посветено ќе го водат низ овој процес, да им посакаме среќа на сите. Верувам дека овој историски подвиг на македонското здравство, овој највисок акт на човечност и хуманост, ќе ја подигне свеста за органодарителството и ќе имаме уште многу успешни трансплантации“, напиша Филипче на Фејсбук.

Во раните утрински часови во петокот, околу 02 часот по полноќ започна да чука првото трансплантирано срце во градите на 54 годишниот Иван Огненовски. Операцијата траеше шест часа и заврши успешно, па лекарскиот тим го разбуди првото трансплантирано срце во земјава во период кога здравството се соочува со пандемија од коронавирус.

Зафатот беше извршен на Државната кардиохирургија со учество на заеднички тим од кардиохирурзи под водство на Сашко Јовев (Државна Кардиохирургија), Жан Митрев (Клиника „Жан Митрев“) и Александар Николиќ (Клиника „Систина“) и Маја Мојсова анестезиолог (КАРИЛ).

Ова немаше да биде успешно доколку не постоеше семејството Диневи од Стар Дојран што со голема емоција ги даруваше органите, срцето на нивната најмила Емилија чука во градите 54-годишниот Иван Огњановски, а двата бубрега се трансплантираа кај двајца пациенти со хронична бубрежна слабост кои со години беа на дијализа.

Венко Филипче Иван Огненовски Македонија посета Срце трансплантација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.